Која е новата магична граница на Биткоинот?
Објавено во: Финансии 27 Ноември, 2017
Биткоинот покажа дека не може да биде сопрен од никаква економска или уште помалку политичка сила, па дури напротив колку повеќе пазарите се нестабилни, расте неизвесноста во светските односи и се губи довербата во пазарите или традиционалните економски инструменти, толку повеќе расте вредноста на оваа најпопуларна криптовалута за која новата магична граница ќе изнесува над 10 илјади долари.
Криптовалутата биткоин ја надмина најпрво вредноста од 9000 долари, за потоа за многу краток период да се искачи нешто над 9700 долари што е фантастичен скок за кратко време што најмногу се должи на шопинг треската за време на празничната сезона која само што започна во САД со Денот на благодарноста следен од Црн петок, а слични традиции има и во речиси цела Западна Европа со тоа што трендовите се шират насекаде.
Огромниот раст на биткоинот покажува дека никогаш не е доцна за инвеститорите бидејќи штом биде надмината магичната вредност од 10.000 долари може само да се претпоставува што ќе биде следно, можеби надминување на вредност од 100.000 долари и така натаму.
Биткоинот стабилно расте во текот на целата 2017 година и само на моменти бележеше краткотрајни падови при тргувањата предизвикани од одредени владини одлику ширум светот и затворање на крипто-берзите во Кина, но набрзо тоа беше надминато.
Сега се проценува дека се за прв пат вкупниот пазар на криптовалути вреди над 300 милијарди долари, а само во последниот викенд се регистрирани 100 илјади нови кориснички сметки на Coinbase најголемото место за размена на биткоини од САД.
Chicago Mercantile Exchange, една од најголемите берзи за размена на трговски и економски добра, планира од декември и официјално да започне со тргување на биткоинот што покажува дека се повеќе финансиски институции започнуваат да го признаваат и употребуваат.