Која е паравоената организација „Српска чест“?
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Во БиХ се крева голема прашина за наводно нова паравоена организација наречена „Српска гордост“ која е формирана од страна на претседателот на Република Српска Милодар Додиќ со помош од руски воени и разузнавачки структури.
Обвинувањата се прилично истенчени со оглед на тоа што се тврди дека припадници на „Српска чест“ биле тренирани во Рускиот центар во Ниш што е еден од помалите објекти на Русија во Србија.
Босански Журнал исто така тврди дека „Српска гордост“ веќе запонала да регрутира луѓе во своите редови, а дел од припадниците веќе имале воено искуство борејќи се со Русите во источна Украина за време на воените конфликти.
Припадниците на „Српска чест“ често се фотографираат со црни маички на кои има патриотски натписи, нешто слично како со „Ќосињата“ во Македонија и македонските патриотски здруженија кои неодамна беа формирани.
Босанската јавност е загрижена од можноста за нова дестабилизација на земјата со делувањето на здружението „Српска чест“ кое е под влијание на контроверзниот политичар Милорад Додиќ, а по руската интервенција на Крим, Источна Украина и Сирија стравуваат и од ново крваво сценарио.
Од повеќе слики се гледа дека припадниците на „Српска чест“ се вооружени со автоматски пушки, дека се добро физички подготвени и дека се координираат меѓу себе, односно постои линија на команда, нешто што на пример им недостасуваше за споредба на македонските новоформирани патриотски здруженија.