Која е реакцијата на Кремљ за новата држава во Украина?
Објавено во: Свет 18 Јули, 2017
Кремљ засега не ја коментира изјавата за создавање на Малорусија, но нагласува дека Москва го почитува Минскиот договор за уредување на конфлиткот во источна Украина.
Ова го изјави портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Засега нема да дадам коментар на таа тема, таа ќе биде подложена на дискусија и анализа. Руската страна продолжува да се држи до Минскиот договор, се друго засега не коментираме“- вели Песков.
Сепаратистите во Доњецк, на истокот на земјата на прогласија Малорусија за која велат дека ќе биде наследничка на Украина.