25 Април, 2024
0.0310

Која е следната мета на СЈО?

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

По „Тенк“ и „Тарифа“, се чека наредниот случај од Специјалното јавно обвинителство. Јавноста нагаѓа што ми можело во следниот период од „бомбите“ што ги објави опозицијата да биде предмет на обработка на Катица Јанева, но сепак во сефовите на СЈО има стотици илјади разговори кои не беа пуштени во етерот.

Сепак, дел од медиумите кои важат за поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, објавија дека Специјалното јавно обвинителство ги истражува донациите на партијата, односно нејзиното финансирање. Наводно, досега биле повикани над 1000 функционери и членови на партијата и биле испрашувани за нивните донации во ВМРО-ДПМНЕ пред изборите во 2014 година, односно постоеле сомневања дека парите всушност не ги уплатиле тие и како доказ СЈО имало снимки од банките. Медиумите што ја објавија оваа информација пренесе неколку изјави од членови на партијата на Никола Груевски кои тврдат дека биле повикани на разговор во СЈО.

„Бев повикана во СЈО на разговор и таму ме распрашуваа дали сум член на ВМРО-ДПМНЕ и дали сум донирала средства во партијата. Јас им кажав дека сум член на ВМРО-ДПМНЕ од пред повеќе од 15 години и дека сум донирала средства во партијата и дека тоа ќе го правам и во иднина. Сметам дека ваквите активности на СЈО се со цел да внесат страв, закана и заплашување кај членовите на ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на кампањата, односно тоа е една своевидна кампања на СЈО. Ваквите закани и заплашувања не се во функција на правда, туку повеќе се во политичка функција“, изјави Дужа Матевска.

Од СЈО засега нема никаква информација дали е почната предистражна постапка за финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Но, пред четири месеци обвинителката Јанева како да најави дека ќе има истрага поврзана со финансирањето на политичките партии. Таа побара кривична одговорност и за политичките партии како правни субјекти, која постои во Кривичниот законик. Според неа индивидуалната казнена одговорност е недоволна, зошто некогаш криминалот се извршува во име на колективот и неговите интереси.

„Политичките партии се носители на највисоките државни функции кога управуваат со државата, меѓутоа, сносат мала одговорност за своите постапки. За тоа постојат две главни причини: Kласичната доктрина на кривичното право ја отфрла можноста за колективна кривична одговорност,а втората причина е тоа дека владејачката партија, како создавач на правните прописи што ги регулираат нивните активности и ги дефинираат правата и обврските на одговорните лица, кои до одреден степен може да влијаат и врз судскиот систем, се во позиција да ја намалат можноста за санкционирање на своите постапки“, изјави Катица Јанева.

Кој ги полни партиските сметки?

Досега ниту една политичка партија во Македонија не одговарала за ниту едно кривично дело. Според експертите, корупцијата кај политичките партии најмногу е изразена преку финансирањето на изборните кампањи.

„Богати бизнисмени или компании донираат илјадници евра за можат постизборно да влијаат врз креирањето на политиките. Ова се случува затоа што во земјава нема транспарентен систем за да се види како се финансираат партиите пред избори. “, изјави Слаѓана Тасева при објавувањето на последниот извештај на „Транспаренси интернешал“.

Според едно истражување ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија во Европа и поседува објекти, земјоделско земјиште, пасишта, сето тоа со проценета вредност од 60 милиони евра, а само партиското седиште во центарот за Скопје се смета дека е вредно 40 милиони евра.

Според финансиските извештаи, ВМРО-ДПМНЕ во 2015 година собрала најмногу донации на својата сметка или речиси 1,5 милиони евра. Сите донации биле од физички лица, односно вкупно 3.675, а најголем дел од вкупните донации биле дадени во само 12 дена.

Но, засега партијата на власт не била предмет на истрага, иако нејзини поединци како носители на власт се осомничени во повеќе случаи кои ги отвори СЈО за злоупотреба на службената положба и финансиски малверзации.

Финансирањето на политичките партии останува тема за која транспарентноста останува замолчена. И покрај тоа што партиите секоја година имаат обврска да го пријават секој денар што се слева на нивната сметка, сепак мистерија е кои се вистинските донатори.

J.M.

Можеби ќе ве интересира

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

„ЏАРО ИМ ПЛАТИЛ НА ФУДБАЛЕРИ ДА ИГРААТ КАКО ШТО ТОЈ САКА, А ВО МАКЕДОНИЈА НАМЕСТИЛ НАТПРЕВАР ДА ЗАВРШИ 134 НАСПРЕМА НУЛА“: Српските медиуми за Џаровски

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот

ЗА УБИСТВОТО НА ВАЊА: Таткото со нова жалба пред Врховен за притворот