25 Април, 2024
0.0457

Која е цената на пченицата од годинешната реколта?

Објавено во: Агробизнис 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

За годинешната реколта цената на пченицата  ќе се движи од 6 до 9,5 денари зависно од квалитетот.

Жетвата ова лето е богата, а родот е добар. Се очекуваат 3.850 килограми по хектар пченица. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека дел од земјоделците се задоволни, а дел не се задоволни од цената.

„Производителите што имаа помали количини, од еден до пет тона, ја продаваа пченицата на неофицијални трговци од кои добиваа по шест денари во готово, а родот со добар квалитет и хектолитарска маса до 80, се продаваше во регистрираните млинови по 9,5 денари. Сепак, инспекциските служби успешно се справија со нелегалните откпувачи“ - рече Шаклев.

Од друга страна претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија, Вељо Тантаров додава дека  мелничарите купија исклучително евтина пченица поради што треба да ја намалат цената на брашното и лебот.

„Во прилепскиот, битолскиот, куршевскиот дел на Пелагонија на кои отпаѓа половина од вкупното македонско производство на пченица, цената е неполни 6 до 8 денари зашто и од нив, на земјоделците им се одбиваат по 0,30 до 0,50 денари за транспорт. Никогаш нема да се договориме со мелничарите зашто сите досегашни договори не ги исполнија“- вели Тантаров.

Цената на годинешната пченица да не биде повисока од осум денари по килограм, бараше кон крајот на јуни групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија.

Државата ќе интервенира за цената на пченицата и за да им помогне на земјоделците.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков претходно изјави дека 11 денари би била реална цена за пченицата.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади