19 Април, 2024
0.0243

Доларот стана проблематичен, има ли валута што ќе го замени?!?

Објавено во: Анализа 21 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Дали Кина ќе успее да го замени САД? Ова прашање веројатно е едно од најдоминантните во светот на глобалната економија. Одговорот на ова прашање веројатно ќе го даде правецот по кој ќе се движи светот наредните години. А за да се дознае дали Кина ќе го замени САД, веројатно треба да се запрашаме дали јуанот може некогаш да го замени доларот. Впрочем доколку Кинезите сакаат да станат глобални лидери ќе мора да ја направат нивната валута конвертибилна и слободна, друга варијанта нема. Потрошувачката во Кина зафаќа исклучително мали 35% од вкупниот БДП, се друго во основа се темели на инвестиции и извоз. На другиот континент каде што се САД, потрошувачката зафаќа дури 70% или два пати повеќе од Кина. Растот на средната класа во Кина значи и поголема домашна побарувачка. Зголемената домашна побарувачка значи и поголем увоз (претпоставуваме дека на кинезите им е здосадено да купуваат кинески производи) и евентуално растење на валутата додека не дојде до некое ниво на еквилибриум, кога би можела да се пушти слободно да флуктуира. Кина се чини дека треба да помине неколку етапи до полна либерализација. Тоа се следниве нивоа: - Првин се користи за трговски порамнувања со партнерски земји - Потоа во одредени ситуации кога инвестира во некои држави - На крај може да биде и валута која некои земји ќе ја користат како резервна (впрочем како што се користи доларот денес) Знаејќи дека Кинезите имаат неверојатно многу девизни резерви (околу три трилиони долари), тешко е да се процени кога ќе почнат слободно да флуктуираат. Сепак гледајќи како американците си печатат пари а некој друг им ги плаќа сметките, веројатно и тие посакуваат да го доживеат некогаш истото. Впрочем во моментов делува дека САД си пуштија долари ширум светот што ги прибираат разни држави (посебно кинезите), нивните камати се мали, тие се задолжуваат за ефтино и притоа немаат некоја страшна инфлација дека хартијата е расфрлана по цел свет. Е сега до кога тоа ќе трае тешко е да се каже, имено кинезите ако сакаат може веднаш да ги срушат доколку решат да ги продаваат сите обврзници кои ги држат, меѓутоа така ќе се уништат и себеси. Да се вратиме на темата, Кинезите дозволија јуанот да биде делумно конвертабилен во Хонг Конг и со тоа прават веројатно привични тестови околу тоа како оваа работа би можела да се одвива во иднина. Исто така некои заеми веќе ги даваат деномирани во јуани. Се се ова чекори кои имаат за цел промоција на јуанот како позначајна валута. Во основа доколку светот се помести кон нова резерва валута, без разлика дали тоа ќе биде некоја корпа на валути или јуанот, тоа несомнено ќе значи дека САД ќе ја загубат улогата на лидер. Таквата транзиција тешко е да се верува дека ќе помине без отпор на најголемата сила во светот. Сепак Кинезите неминовно стануваат играч кој веројатно веќе не сака да седи на клупата и да влегува како резерва. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза

СКИЈАЊЕТО ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: По две топли зими планинскиот туризам е во сериозна криза