Добивај вести на Viber
Американската Компанија Кока-Кола која важи за најголемиот производител на безалкохолни пијалаци во светот планира да потроши две милијарди долари за проширување на плантажите на портокали во Флорида.
„Тоа е инвестиција која е многу важна за нас“, истакна претседателот на Кока-Кола во САД, Стив Кахилејн, јавува АП.
За новите плантажи, според него, планирано е да се засадат пет милиони нови садници. Високи претставници на компанијата соопштиле дека, благодарение на овој потег, на Флорида ќе може да се отворат уште 4.100 работни места.