КОЛЕГА ВО ОДБРАНА НА БУТАРИС: Toj e вистински патриот
Објавено во: Балкан 15 Февруари, 2018
Атинскиот градоначалник, Јоргос Каминис, застана зад солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, кој доби жестоки критики од јавноста откако даде предлог за преименување на солунскиот аеродром кој се вика „Македонија“.
Каманис за Бутарис рече дека е вистински патриот.
„Патриотизам е да се служи во интерес на граѓаните со реализам. Јанис Бутарис е вистински патриот“- напиша Каминис на Твитер.
Група од 70 граѓани вчера поради изјавата на Бутарис побараа оставка и го нарекоа предавник.Бутарис откако во грчката јавност имаше реакции, рече дека изјавата му била извадена од контекст. Се правдаше дека спиел кога му се јавиле за изјава и дал идеа како може да се вика аеродромот кој сега се вика Македонија. За грчки медиум рекол дека аеродромот може да се именува по познатиот грчки кошаркар Никос Галис.