19 Април, 2024
0.0720

Колкава дивиденда ќе земат акционерите во „Топлификација“?

Објавено во: Економија 25 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

На берзата е објавена предлог одлука за акционерско собрание закажано за 29 сепмтеври на кое се предлага дивиденда од 70,65 денари (нето) по акција. Со предлог одлуката целата расположлива добивка што надминува половина милион евра ќе бие поделена меѓу акционерите

Скопска „Топлификација“ на претстојното акционерско собрание ќе подели околу 556.000 евра бруто дивиденда, пишува во предлог одлуката што ќе се најде на претстојното акционерско собрание пред акционерите на 29 септември, објавено е преку интернет страницата на берзата. 

Во предлог одлуката за претстојното собрание целата расположлива добивка за 2016 година ќе биде распределна за дивиденда освен износот што по закон мора да се пласира во резерви. Според предложеното 1,86 милиони денари се наменети за законски резерви, а останатите 35,34 милиони денари ќе бидат прераспределени во дивиденда и исплатени на акционерите на компанијата доколку одлуката добие мнозинство гласови на претстојната седница на 29 септември. Одлуката може да ја превземете на следниот линк 

Во предлог одлуката е видлива материјална грешка заради нелогичност на податоците за пресек на датуми со и без право на дивиденда, но тоа веројатно дополнително ќе се корегира. 

Износот на бруто дивиденда по акција е 78,5 денари што значи дека по одбивање на персоналниот данок кај физички лица нето износот на дивиденда по акција ќе биде 70,65 денари. Овој износ е 4,4 отсто од последната пазарна цена на таа акција постигната на Македонската берза во петокот на 22 семтември кога беа истргувани само 10 акции.

Што работи и кој газдува со „Топлификација“?

Оваа компанија, чија дејност е снабдување со топликска енергија на главниот град во земјава неколку години наназад егзистира од закуп на постројките и опремата за затоплување на закупувачот БЕГ  кој го снабдува Скопје со топлинска енергија. „Топлификација“ има вкупно 450.000 акции со право на глас и тие се во сопственост на вкупно 2.585 акционери од кои најбројни се домашните физички лица. Тие се 2.462 и заедно поседуваат 75,42 отсто од акциите. Дури 78 домашни правни лица поседуваат 4,9 отсто од акциите. Вкупно странските акционери се 45, од кои 32 се физички лица и тие поседуваат 1,07 отсто од капиталот, а 13 странски правни лица имаат 18,6 отсто од управувачките права. Најголем акционер меѓу нив е кипарската фирма „Битар холдингс лимитед“ кој поседува 16,44 отсто од сите акции. Таа фирма воедно е и најголем акционер во „Топлификација“ и единствен што има над 5 отсто од акциите со право на глас.

Берзата времено ги суспендира од котација акциите на „Топлификација“

Берзата заради правните дејства што ги превземаат поларизирани страни акционери во „Топлификација“ одлучи времено да ја суспендира таа акција од котација: Целото известување на берзата го даваме во цитат: „ Имајќи го предвид објавениот јавен повик во весникот „Вечер“ на 15.09.2017 година од лицето овластено од судот за свикување на собрание на акционери на Топлификација АД Скопје за 18.10.2017 година (на кое би продолжиле да се разгледуваат прашања поврзани со работењето на друштвото во 2015 година), во услови кога друштвото во меѓувреме свикало собрание на акционери за 29.09.2017 година (на коешто би се разгледувало работењето на друштвото во 2016 година), како и образложенијата на настаната состојба дадени од Топлификација преку СЕИ-Нет на 18.09.2017 година, во коешто друштвото оценува дека поради одлуки на судот е настаната “целосно конфузна состојба“ којашто допрва треба да биде разрешена, а со цел одржување на стабилен пазар на хартии од вредност и заштита на интересите на инвеститорите,

Одборот на директори на Берзата, на својата седница одржана на 19.09.2017 година, одлучи акциите издадени од Топлификација АД Скопје времено да се суспендираат од котација, согласно член 53 од Правилата на Котација на Берзата, во траење од 30 дена, почнувајќи од 20.09.2017 година. Исто така, Одборот на директори одлучи во текот на траењето на суспензијата со акциите издадени од Топлификација АД Скопје да се тргува на Редовниот пазар на Берзата, на подсегментот Слободен пазар, со цел да им се овозможи на акционерите на Топлификација АД Скопје и на инвеститорите на пазарот на хартии од вредност непречено тргување со овие акции. Тргувањето со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар ќе почне на 20.09.2017 година, во режим на континуирано тргување. 

Оттука, ги информираме инвеститорите на пазарот на хартии од вредност дека при евентуалното тргување со акциите на Топлификација АД Скопје на Слободниот пазар на Берзата, треба да ги имаат предвид настанатите промени во поглед на котацијата на друштвото на Берзата и неговите обврски за известување на јавноста.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите