28 Март, 2024
0.0900

Колкава добивка оствари „Макпетрол“ во првите девет месеци?

Објавено во: Економија 11 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Во периодот јануари-септември 2016 година „Макпетрол“ АД го подобри остварениот деветмесечен финансиски резултат од претходната година за цели 462,7 милиони денари и продолжи да ја зголемува продажбата на енергенси на мало и тоа за 10%.

Во извештајниот период од 2016 година, „Макпетрол“ АД Скопје оствари добивка пред оданочување во висина од 333,1 милиони денари, односно добивка по оданочување во висина од 292,6 милиони денари, за разлика од минатата година, кога за истиот извештаен период, Друштвото има остварено загуба во износ од 129,5 милиони денари, објави компанијата на страницата на Македонска берза.

Во овој период, „Макпетрол“ АД Скопје според податоците на берза во првите девет месеци оствари вкупен приход во износ од 12,2 милијарди денари кој е помал од минатогодишниот за 1,8 милијарди денари или 13,1 и.п. 

Ваквото намалување на приходите се должи исклучително на намалувањето на цените на дериватите во однос на истиот период од минатата година бидејќи, истовремено, физичкиот обем на продажба на стоки и на услуги на „Макпетрол“ АД Скопје е зголемен. 

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 11,9 милијарди денари што преставува намалување во однос на минатата година за 2,2 милијарди денари или 15,9 и.п., во што најголем удел повторно има намалувањето на цените на дериватите. 

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат