25 Април, 2024
0.0271

Колкава добивка прокнижи ТЕТЕКС АД во 2016 година?

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

ТЕТЕКС АД во периодот јануари-декември 2016 година има добивка по оданочување од 62.421 илјади денари. 

Остваренитe оперативни приходи во 2016 година бележат зголемување во однос на 2015 година за 30%. Тоа се должи на зголемување на приходите  од продажба, зголемување на капитализираното сопствено производство, како и на останатите оперативни приходи, во кои  вклучени приходите од продажба на недвижност- сопственост на ТЕТЕКС АД.

Влијание на финансискиот резултат во 2016 година имаа приходите од вложувања во износ од 21.884 илјади, кои произлегуваат од  вложувањата на ТЕТЕКС АД во  ТТК банка АД Скопје, Петролгас ДОО –Тетово ;Македонија турист и Алкалоид Скопје.

Оперативните расходи на компанијата изнесуваат 320.484 илјади денари.

Трошоците за суровини и материјали се зголемени  за 13%, а трошоците за услуги се намалени за 10%. Намалување има и кај трошоците за вработени и тоа за 5%.

Вредносното  усогласување на  побарувања постари од 3 години во 2016 година е 12.051 илјади,  а пак вредносното усогласување на некурентни залихи изнесува 10.048 илјади денари.

Во 2016 година е исплатена дивиденда во вкупен износ од  41.417 илјади што претставува 100,00 денари  бруто дивиденда по акција.

Лани кредитното  задолжување е нула, што значи финансирањето на  целокупното работење е од сопствени средства.

Во билансот на состојба позначајно отстапување се јавува кај позициите вложувања во недвижности и залихи. Тоа се должи на евидентирањето на недвижностите наменети  за продажба, кои во претходниот период беа класифицирани како вложувања во недвижности, а во тековниот период се во евидентирани во тековни средства.

ТЕТЕКС АД во постоечките услови на работење перманентно ги испитува трошоците на работење и настојува да го подобри  квалитетот на продукцијата, за да ги задоволи очекувањата на  купувачите, акционерите, вработените и добавувачите.

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди