29 Март, 2024
0.0256

Колкава е добивката на кошаркарскиот клуб МЗТ?

Објавено во: Економија 14 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Верувале или не , лани клубот што имал приходи од 833.000 евра годината ја заврши со добивка од 100 евра. Според сметководствените биланси на клубот што игра во регионалната АБА кошаркарска лига најголем дел од приходите се од категоризацијата „останатите приходи“ и тие завршуваат во „останати трошоци од работењето“

Најсилниот македонски кошаркарски клуб МЗТ Скопје Аеродром 2016 година ја завршил со добивка од 100 евра, покажуваат официјалните извештаи што ги објави ова спортско трговско друштво на интеренет страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Според објавените биланси кои може да ги видите на следниот линк http://www.mse.mk/mk/announcement/12/4/2017/kk-mzt-skopje-aerodrom-ad-skopje/financial-data-and-dividends  моментално најсилниот македонски клубски кошаркарски репрезент лани имал приходи во износ од 833.000 евра кои во најголема мерка биле потрошени за потребите на клубот, па годината ја завршил со нето одбивка од 5.928 денари односно приближно 100 евра. Во 2015 година КК МЗТ Скопје Аеродром имал добивка од 1.050 евра, а имал приходи кои се за 8 отсто поголеми од приходите што ги остварил лани. Од сметководствените ставки е видливо следново: приходите на клубoт лани биле 51,4 милиони денари и се за 4,5 милиони денари пониски од 2015 година. Доминантно е учеството на останатите приходи. Тие се 47,9 милиони денари и се повеќе од 90 отсто од сите приходи на компанијата. Во 2015 година нивото на овие приходи било 53,7 милиони денари.

На расходната страна состојбата е ваква: останатите расходи се 41,5 милиони денари, трошоците за вработени се 1,4 милиони денари од кои за плати се 620.000 денари.

Од билансот на состојба на кошаркарскиот клуб се гледа дека лани заклучно со крајот на годината обврските биле 110.000 евра од кои приближно по половина биле обврски спрема добавувачите, а другите биле обврски за данок на друштвото. Тековните средства на крајот на 2016 година биле на износ од 600.000 евра и се повисоки за речиси 100.000 евра во однос на 2015 година.Краткорочните побарувања на друштвото на крајот на 2016 година биле околу 550.000 евра и се за стотина илајди евра повисоки од истите на крајот на 2015 година.

„Фактор“ пред извезно време објави текст за кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“ кој исто како и МЗТ Скопје Аеродром настапува во регионалната кошаркарска АБА лига. Целиот текст може да го прочитате на следниот линк Колку пари треба да има македонскикошаркарски клуб за да игра во регионалната АБА лига?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра