Колкави профити носат Божиќните хитови за изведувачите?
Објавено во: Финансии 24 Декември, 2016
Божиќните хитови носат солидни профити на изведувачите.
Многу од овие песни иако датираат од пред децении, и до ден денешен се популарни.
Ако по Божиќ се прашувате зошто има толку многу тематски хитови, одговорот е дека тие носат солидни профити на изведувачите, пишува денеска Daily Star.
Британските рокери „Слејд" веројатно би сакале секој ден да е Божиќ. Благодарение на парчето Merry Xmas Everybody од 1973 година групата „прибира" 500.000 фунти секоја година.
Песната Fairytale of New York на панк групата „Поугс" е на второ место и носи 400.000. фунти годишно.
На третата позиција е друг божиќен хит - All I Want for Christmas is You (1994) на Мараја Кери. Благодарение на оваа хит песна ја пополнува банкарската сметка со 376.000 фунти годишно.
Во Топ 10 се дополнуваат со White Christmas на Бинг Крозби (328.000 фунти), Last Christmas на Wham! (300.000 фунти), Wonderful Christmastime на Пол Макартни (260.000 фунти), Mistletoe and Wine на Клиф Ричард (100.000 фунти), Stop The Cavalry на Џон Луис (120.000), 2000 Miles на Притендарс (102.000 фунти) и Stay Another Day на Тони Мортимер од „Ист 17" (97.000 фунти).