Колкави сe девизните резерви и монетарното злато на земјава?
Објавено во: Економија 08 Август, 2017
Во Македонија вкупните девизни резерви заклучно со 31 јули 2017 година изнесуваат 2.273.300.000 евра.
Ова го покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Еден месец претходно државните девизни резерви беа 2.399.900.000 евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули, а во однос на истиот период во 2016 година кога изнесуваа 2.588.200.000 евра, се за 314,9 милиони евра повеќе во споредба со јули годинава.
Монетарното злато во јули „тежеше“ 239.000.000 евра или 2,1 милиони евра помалку во однос на еден месец пред тоа. На крајот на јули 2016 година, монетарното злато чинеше 262.400.000 евра.
Хартиите од вредност на крајот на седмиот месец од оваа година достигнаа 1.840.700.000 евра или 58,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (1.782.300.000 евра), а се пониски за 230,6 милиони евра во однос на јули минатата година.
На сметка на валутите и депозитите заклучно 31 јули 2017 година се прокнижени 189.300.000 евра или 182,8 милиони евра помалку во однос на јуни. Споредено со јули минатата година тие се помали за 60,4 милиони евра.