29 Март, 2024
0.0263

Колку чинат состојките на државната манџа?

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Полнењето на пензиската каса зема многу ресурси кои можат да се пренаменат за да добиеме поразвоен буџет. Тој трошок заедно со другите трансфери е три пати поголем од втората по големина расходна ставка, а тоа се платите. Ако успеат капиталните трошоци да ги качат до ниво макар и блиску на платите тоа ќе значи дека сме на вистинскиот пат. А сега се 63 отсто од трошокот за плати или 23 отсто од расходите за трансфери...

Расходната страна на централниот буџет секогаш е најдобра дијагноза за политиките на централната власт, за нејзините приоритети и за ситуацијата во која реално се наоѓа. Од расходната страна на буџетот исто така најдобро може да се види кои се најголемите предизвици на државата и со каква ситуација во реалноста таа се соочува додека ги менаџира народните ресурси.

Овој текст има за цел да ги oсвежи нашите сеќавања и низ реалноста на 2017 година да потсети на тоа кои се „камењата на вратот“ и што треба да се промени за реално да може да се очекува работите да тргнат на подобро.

Расходите за трансфери просечно месечно чинат 150,1 милиони евра.Тие се најголема ставка расходи во буџетот и ги обединуваат дотациите што секој месец се префрлаат во државниот пензиски фонд, а овде се и трошоците за детска заштита, за социјална заштита и уште некои други трансфери.

Платите на државната администрација просечно месечно лани носеле 55,2 милиони евра. Тие се втора по големина расходна ставка. Опслужуваат армија од административци која надминува 130.000 лица, а за нивната продуктивност нема да коментираме. Да видиме дали најновиот проект на Министерството за информатичко општество ќе воведе евалуација на квалитет на испорачани услуги, а преку тоа и мерење на продуктивноста на македонската администрација.

Капиталните расходи чинеле 34,6 милиони евра просечно месечно и тоа е знак за надеж. Ова е најважна развојна ставка и добро е да се одржува над другите непродуктивни или помалку продуктивни ставки. Јасно е дека не може во блиско време да ги засени претходните две. Ако макар и се приближи на ставката со плати значи дека сме на вистински пат.

Набавка а стоки и користење услуги е четврта по ред ставка на расходната страна на буџетот од 2017 година. Тaa изнесуваа просечно месечно 30,2 милиони евра.

Дефицитот не е за потценување. Просечно месечно тој изнесувал 25,56 милиони евра и се финансирал во најголема мерка од домашно задолжување.

Отплата на долгот носела просечно месечно 19,9 милиони евра. Просечната месечна отплата на домашниот долг е 8,6 милиони евра, а на долгот кон странство 11,3 милиони евра.

Каматите на долгот изнесуваа просечно месечно 11,4 милиони евра

Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УО НА „ГРАНИТ“ СТРАШО МИЛКОВСКИ СЕ СТЕКНА СО 4.200 АКЦИИ - исто толку нови акции има и Ивана Милковска Симева, претседател на НО

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА МЛЕКО СЕ НАМАЛИЛО ЗА НАД 25 ПРОЦЕНТИ: статистика изброја и помалку говеда

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?