28 Март, 2024
0.0268

Колку чини денес вилата на Милошевиќ?

Објавено во: Стил 05 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Слободан Милошевиќ се доселил на Толстојева 33 на почетокот на деведесeттите години од минатиот век, а денес објектот вреди богатство. 

Јавноста шпекулира кој би можел да ја купи, а пред неколку години се појавија информации дека заинтересиран е бизнименот Ќазим Османи.

Според српските медиуми тој е подготвен да плати 3 и пол милиони евра.

Во вилата не живее никој од 2003 година, откако вдовицата на поранешниот српски претседател, Мирјана Марковиќ замина за Москва, и таа за продажба ги овластила своите пријатели и агенција.

Иако планирала куќата да ја продаде за 5 милиони евра, со текот на времето таа цена е намалена поради слабиот  интерес. 

Медиумите пред некое време објавија дека кошаркарот Никола Пековиќ ја купил вилата, откако се договорил со Мирјана и нејзиниот син Марко Милошевиќ.

Имотот каде што сега е лоцирана вилата на Милошевиќ пред Втората светска војна му припаѓал на Геца Кон, познат издавач. Тој ова земјиште го купил за своите две сестри. Неговото семејство е стрелано во есента 1941 година, а по завршувањето на војната имотот е национализиран.

Со вселувањето на Милошевиќ вилата е  реновирана и има 326 квадрати.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи