23 Април, 2024
0.0248

Колку дивиденда за половина година исплати „Стопанска банка Скопје“?

Објавено во: Финансии 03 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Секој сопственик на обични акции во Стопанска банка за половина година има поврат на својата инвестиција од триесетина отсто. Тоа значи на вложени 900 денари во акција преку двете дивиденди ќе добие назад 257,4 денари.

„Стопанска банка Скопје“ ќе подели 35,9 милиони евра односно 2,22 милијарди денари дивиденда на сопствениците на обични акции со право на глас, ова е најзначајната предлог одлука, за инвеститорската заедница во земјава, на претстојното акционерско собрание закажано за 30 мај годинава. 

Според предлогот за дивиденда износот за секоја обична акција е 127 денари бруто што значи дека по плаќање на персонален данок на доход секое физичко лице сопственик на акции ќе добие по 114,3 денари на нето основа. Тој износ е принос од 12,3 отсто на последната просечна пазарна цена на таа акција постигната денеска на Официјалниот пазар на берзата во класично тргување. 

Со оглед на тоа што оваа акција во период пократок од шест месеци по втор пат дели сличен износ на дивиденда реално е да се каже дека оваа е најдобитната акција на македонскиот пазар на капитал.

Според одлуката за распределба на добивката огромен дел е распределен за дивиденда, а само 22,35 милиони денари банката ќе задржи како акумулирана добивка. Од парите наменети за дивиденда најголем дел ќе одат во Грција кај доминантниот сопственик на банката НБГ грчката банкарска групација. Таа поседува 94,6 отсто од акциите со право на глас и врз основа на тоа 34,1 милиони евра ќе одат во Грција. Околу 1,8 милиони евра ќе останат во нашата земја, а поголем дел од нив на сметки на малите акционери претежно домашни физички лица кои поседуваат 3 отсто од акциите и нив според последната состојба на ЦДХВ ги има над 1.200 лица. Другите 1,9 отсто од акциите ги поседуваат над 120 домашни правни лица.  

Акцијата на „Стопанска банка Скопје“ веројатно беше една од најдобитните инвестиции во период од половина година. Затоа што во период од шест месеци таа акција. Прво во декември банката објави дека ќе подели 2,7 милијарди денари дивиденда. Тогаш цената на акцијата од над 700 денари за неколку дена достигна износ што надмина 1.000 денари за акција. Тогаш во првиот бран банката подели дивиденда во бруто износ од 159 денари за акција што значи дека нето 143,1 денари за акција. Сега на 30 јуни годинава банката ќе исплати 114,3 денари нето за секоја акција со право на глас. Вкупно за периодот од крајот на декември лани до крајот на јуни годинава секој акционер што вложил во обичната акција на Стопанска банка Скопје добил вкупно 257,4 денари принос на својата инвестиција. Навистина тешко ќе се најде друг бизнис во кој за половина година повратот на вупната инвестиција е 30 отсто.

Стопанска банка Скопје важи со години наназад за една од најуспешните банки на македонскиот пазар,а многумина успехот го припишуваат на тоа што оваа банка навреме агресивно го нападна и освои сегментот кредитирање население односно физички лица. Освен тоа што успешно го освои овој сегмент банката со години успешно се одржува во врвот на овој сегмент.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА