Колку доктори на науки имаме и каде работат?
Објавено во: Економија 24 Март, 2017
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица што претставува намалување за 19.9% во споредба со 2015 година.
Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 36.5%, потоа на медицинските науки, 19.3%, следат хуманистичките науки со 18.3%, а останатите лица докторирале во областа на техничко - технолошките науки, природно - математичките науки и биотехничките науки. Бројот на жените кои одбраниле докторска дисертација во текот на 2016 година изнесува 111 кандидати што претставува 56.3% од вкупниот број на лица кои докторирале во 2016 година. Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 32.5%, својата професија ја вршат во образовната дејност, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
За споредба во 2015 година, звањето доктор на науки го стекнале 246 лица што претставува зголемување за 19.4% во споредба со 2014 година.
Во 2014 година, звањето доктор на науки го стекнале 206 лица, односно има намалување за 5.9% во споредба со 2013 година.