Колку електрична енергија е потрошена во мај?
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2017
Во мај 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 549 074 МWh електрична енергија, 4.120 мил. нм3 природен гас, 442 930 тони јаглен и 85 513 тони нафтени продукти.
Oва е според податоците на Државниот завод за статистика.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 66.7% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 92.7% од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.
За споредба, според податоците на Државниот завод за статистика (МАКСТАТ), во април 2017 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 601 034 МWh електрична енергија, 8.082 милиони нм3 природен гас, 399 521 тони јаглен и 83 628 тони нафтени продукти.