25 Април, 2024
0.0258

Колку години „живееме“ во автомобилот и што најчесто правиме таму?

Студијата на Citroen, цитирана од autopress.net, била спроведена во јули и август оваа година, а во неа биле вклучени околу 500 лица на возраст над 15 години, жители на Германија, Шпанија, Франција, Италија, Полска, Португалија и Велика Британија.

Објавено во: Стил 01 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од француската темнината Citroen споделија дека компанијата спровела уникатна студија наречена „Our lives in cars“ меѓу европските потрошувачи и сега од француската марка не запознаваат со интересни информации за секојдневниот живот и навиките.

Студијата на Citroen, цитирана од autopress.net, била спроведена во јули и август оваа година, а во неа биле вклучени околу 500 лица на возраст над 15 години, жители на Германија, Шпанија, Франција, Италија, Полска, Португалија и Велика Британија.

Еден од најинтересните резултати од истражувањето на Citroen е тоа што секој Европеец поминува околу 4 години и 1 месец од животот во возило. 2 години и 9 месеци од нив под форма на возач и година и 4 месеци како патник. Од вкупното време, две години и 1 месец сме опкружени со претставници на семејството или пријателите.

Сите Европејци кои управуваат со својот автомобил секојдневно се заблагодаруваат со гест или поздравуваат 10.056 луѓе во животот. 3.917 пати пак пееме со полн глас, 1.234 пати местиме фризури, се бричиме или поставуваме шминка.

Во своите автомобили пак јадеме по околу 2050 пати, ја надополнуваме енергијата со кратка дремка или спиење 1.336 пати, плачем по 59 пати, учествуваме 228 пати во разговор од типот „Стигнавме ли веќе?“.

Освен тоа, во своите автомобили се бакнуваме 2.432 пати и водиме љубов 4 пати (8 пати ја Италијанците и 3.4 пати кај англичаните и Французите).


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган