28 Март, 2024
0.0644

Колку избирачи ќе гласаат во вториот круг од локалните избори?

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

За вториот круг на локалните избори во изводите на Избирачкиот список  се запишани вкупно 833.716 избирачи, кои ќе можат своето избирачко право да го остварат на едно од 1517 избирачки места во 35 општини, соопштија од Државната изборна комисија.

„Постои изразен интерес и за набљудување на овие избори од страна на домашни и странски организации и медиуми. Државната изборна комисија за локалните избори издаде акредитации за набљудување на вкупно 5.101 домашни, 473 странски набљудувачи, 315 преведувачи и 20 странски новинари“- соопшти ДИК. 

Утре, ќе гласаат луѓето кои се на издржување казна затвор или се во притвор. На гласачките места во 13 казнено поправни установи своето избирачко право ќе можат да го остварат 939 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи ќе бидат отворени во 7 часот и гласањето ќе трае до 19 часот. 

Утре ќе гласаат и 8 гласачи кои се водат како внатрешно раселени.

Избирачките одбори утре ќе го спроведат гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови избирачкото право ќе го остварат 1.435 граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија