Колку изнесуваат девизните резерви заклучно со вчера?
Објавено во: Економија 08 Февруари, 2017
Девизните резерви во Народната банка на Република Македонија заклучно со вчера се во вредност од 2.557,1 милиони евра.
Според објавените податоци на Народната банка на РМ, тие се намалени за 56,3 милиони во однос на крајот на четвртиот квартал од 2016 година. Тогаш девизните резерви изнесувале 2.613,4 милиони евра.
Споредбено со првиот квартал од 2016 година се зголемени за 290,8 милиони евра кога изнесувале 2.266,3 милиони евра.
Вредноста на монетарното злато на крајот на јануари изнесуваше 294.400.000 евра, што е за 6,2 милиони повеќе во однос на декември. На крајот на јануари минатата година монетарното злато беше на ниво од 223.100.000 евра.
Хартиите од вредност заклучно со јануари достигнаа 2.159.500.000 евра, што е за 58,1 милиони евра повеќе во однос на декември 2016 година. Во јануари минатата година, вкупните хартии од вредност беа на ниво од 1.763.000.000 евра.