25 Април, 2024
0.0305

Колку ќе чини свинското месо?

Објавено во: Агробизнис 30 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Ќе се намали цената на свинското месо. 

Управниот одбор на одгледувачи и производители на свинско месо и свињи донесе одлука цената на свинското месо да се намали. Цената на свињите жива мера ќе се движи од 90 до 95 денари за килограм, соопшти денеска претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев.

Тој вели дека на овој начин ќе ги задоволат и потребите на потрошувачите со македонско свежо месо, со што ќе влијаат и на подобрување на стандардот на граѓаните.

„Кај нас постојат демократски односи, одлучивме самите членови на нашето здружение да имаат извесна флексибилност и слобода при формирањето на цените, во зависност од времетраењето на соработката, големината на порачките и од зависност на начинот и времетраењето на плаќњето да се движи цената на свињите од 90 до 95 денари. Сето ова го правиме за да докажиме дека ние сакаме да имаме цврсти и постојани односи со нашите партнери“ - вели Шаклев. 

Тој се надева дека до Нова година и до Божиќните празници ќе има извесно мало покачување за да се покријат загубите од изминатиот период. 

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади