Колку ќе ве чини престој во најгусто населениот град во Европа?
Објавено во: Балкан, Стил 01 Февруари, 2017
Главниот град на Романија, Букурешт е исклучителен град.
Го нарекуваат малиот Париз и граѓаните тоа буквално го сфатиле. Затоа си направиле река по примерот на Сена, која всушност е плиток канал и улица по примерот на Шанз-Елизе, но малку подолга. Има и триумфална капија со кружно движење.
Сепак Букурешт импресионира и со сопствен стил. Главниот град на Романија е еден од најгусто населените во Европската унија. Во центарот може да ве импресионира и една од најголемите згради во светот - Комора на парламентот. Навистина личи на палата и е огромна.
Градот нуди забава по пристојни цени, во комбинација со голем број на историски знаменитости.
Соба во хотел со 4 ѕвезди е околу 50 евра. Кафето е помалку од евро, а пивото е нешто поевтино од две евра. Добри романски пива се Timişoreana, Ursus и Stejar. Треба да го пробате и романскиот ликер „Афината" од боровинки кој чини помеѓу 2.5 и 5 евра. Вечера за двајца во Букурешт излегува околу 15 евра. Како градскиот превоз, така и такси превозот во градот се евтини.