Колку луѓе добија работа преку проектите „Македонија вработува“?
Објавено во: Економија 12 Април, 2017
Преку проектот „Македонија вработува 2“ кој започна на 28 јуни минатата година, а на 27 јуни ќе заврши. се вработени околу 6.000 луѓе.
Заедно со „Македонија вработува 1“ бројката е над 25.000 отворени работни места во Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Тој објаснува дека тоа е како да се отвориле околу 12 или 13 фабрики со по 500 вработени.
Груевски вели дека со оваа мерка се овозможи голем број луѓе кои имаа тешкотии да дојдат до вработување, да се вработат.
„Се овозможи на голем број луѓе, особено ранливите категории кои што тешко можеа да дојдат до вработување, да им се најде вработување, да се охрабрат компаниите да ги вработат, односно да им се дадат екстремно добри услови, како никаде досега да ги вработат“ - вели Груевски.
Тој смета дека двата проекти се најдоброто нешто што и се случило на Македонија во последните 2.5 децении.