КОЛКУ ЛУЃЕ СТОЈАТ ЗАД НАПАДИТЕ: Каталонската полиција уапси уште едно лице
Објавено во: Свет 18 Август, 2017
Каталонската полиција денеска информираше дека уапсила уште едно лице во врска со нападите во Барселона и Камбрилс.
Со најновото апсење бројот на осомничените е четири лица.
Неколку часа претходно во каталонскиот град Рипол е уапсено третото лице.
Во најпопуларната туристичка улица во центарот на Барселона, Лас Рамблас, вчера попладне комбе влета во пешаци при што загинаа 13 лица, а 100 се повредени.
Министерството за внатрешни работи објави дека 15 луѓе се тешко повредени, 23 се здобиле со умерени и тешки повреди, а 42 се полесно повредени.
Не се знае колку напаѓачи учествувале во терористичкиот напад.
Одговорноста за нападот ја презеде организацијата „Исламска држава“.
Неколку часа по нападот во Барселона, во Камбрилс се случи уште еден напад, во кој автомобил влета во пешаци и повреди седум лица, меѓу кои и еден полицаец. Една жена подоцна во болница им подлегнала на повредите. Полицијата во Камбрилс ги уби петмината напаѓачи.