Колку мажи и колку жени во земјава се без работа?
Објавено во: Економија 09 Март, 2017
Над 200.000 лица во Македонија се невработени.
Според податоците на Државниот завод за статистика , во IV тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија брои 950 255 лица од кои вработени се 731 107, а 219 148 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56.6, стапката на вработеност 43.5, а стапката на невработеност е 23.1.
Бројот на активни мажи е поголем од бројот на активни жени. Активни се 575 206 мажи и 375 049 жени. 132 042 мажи се без работа, а невработени се и 87 106 жени.
Според податоците на Државниот завод за статистика , во III тримесечје од 2016 година активното население во Република Македонија броело 949 944 лица од кои вработени биле 727 985, а 221 959 лица биле невработени. Стапката на активност во овој период била 56.6, стапката на вработеност е 43.4, додека стапката на невработеност изнесувала 23.4.