24 Април, 2024
0.0295

Колку може да заработи Дедо Мраз во Македонија?

Објавено во: Финансии 23 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

И покрај пишувањата на медиумите во регионот дека како Дедо Мраз може добро да се заработи, и дека одредени компании бараат голем број на луѓе кои ќе глумат Дедо Мраз за празниците, во Македонија состојбата е поинаква.

Се работи неколку денови, а хонорарот е скромен. Младиот Виктор Михајловски од Куманово има 26 години и деновиве е ангажиран како Дедо Мраз. Тој е невработен и затоа се одлучил на ваков начин да заработи, иако вели се заработува малку затоа што граѓаните немаат пари и за многу деца фотографирањето со Дедо Мраз е луксуз.

„Децата сакаат да се сликаат, ама родителите немаат пари и тоа е најголем проблем.  Со ѕвоното ќе тропнам и децата ќе се свртат, но родителите продолжуваат и не обрнуваат внимание. Многу е слабо и не може да се заработи многу.  Прв пат ми е ова да бидам Дедо Мраз, а лани и оваа година е катастрофа“ – вели Михајловски.

Сопственик на фото студио од истиот град кој ангажира Дедо Мраз неколку денови пред Нова година раскажува дека фотографирањето е 50 денари или неколку пати поевтино од цената за истата услуга во Скопје, но интересот е слаб.

„Триесет години работам, две-три години  имаме и Дедо Мраз и размислувам да затворам. Дедо Мраз има вештини да ги анимира децата, но народот нема пари.  Имав четири-пет кандидати оваа година  кои сакаа да работат како Дедо Мраз, одбрав еден. Во Скопје е поинаку, има повиски плати“-објаснува тој.

Од Дигитал експрес фото студио Лидија од Битола велат дека сега не ангажираат Дедо Мраз за празниците, а пред неколку години носеле Дедо Мраз  низ градинките.

„Не може многу да се заработи. Се зависи колку деца ќе се фотографираат со Дедо Мраз. Таа појава ја снемува некако. Сега гледам само кај Саат кулата во Битола има Дедо Мраз кој стои на отворено и толку“ – додаваат оттаму.

Љубен Спироски, соптвеник на фото студио Сонгем од Охрид вели дека веќе 10 години не практикува да работи со Дедо Мраз затоа што не е исплатливо.  Додава дека во неговиот град иако е туристички центар  на прсти се бројат оние кои овозможуваат фотографирање со Дедо Мраз и работа за оние кои сакаат да глумат Дедо Мраз.

Сања Атанасовска


Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо