Колку пари добиваат тутунарите за „жолтото злато“?
Објавено во: Агробизнис 05 Декември, 2016
6.040 тони тутун односно 30% од очекувањата за годинашната реколта се откупени заклучно со завчера.
Тоа е за неполни три седмици од почетокот на откупот. Просечната цена е 190,15 денари по килограм.
„Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари за килограм, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 250 денари за килограм тутун. Право на откуп има секое претпријатие кое претходно обезбедило средства за таа намена, а имајќи го предвид високиот квалитет на годинашниот род, интересот за откуп на „жолтото злато“ е многу голем“ - се наведува во соопштението од Министерството за земјоделство.
Во реколтата од 2016 година се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор за откуп потпишале 10 претпријатија, а крајниот рок за почеток на откупот е 15 декември. Ова е според првичните проценки.