28 Март, 2024
0.0262

Колку пари генерираат најпосакуваните ИТ фирми во Македонија?

Објавено во: Економија 27 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Роди ме мајко и фрли ме да програмирам и треба да биде новата „апдејтирана“ верзија на добро познатата народна поговорка. ИТ индустријата во Македонија бележи голем раст во последните 5 години, има влез на нови странски компании кои отвораат свои канцеларии и регрутираат млади талентирани кадри, а се подобро се чини работат и домашните ИТ компании кои подолго време постојат, а своите софтверски производи ги продаваат претежно на странските пазари. Ако се земат во предвид приходите само на четирите моментално најпопуларни ИТ брендови во Македонија, Асеко, Сеавус, Ендава и Хаселт ќе се дојде до бројка од неверојатни 35,7 милиони евра само во изминатата година. 

Секоја од овие компании има свои специфичности и токму затоа беа одбрани за нашата анализа со тоа што секако на пазарот има и многу други развивачи на софтер со добри резултати, па така нема сомнежи дека ИТ индустријата во Македонија вкупно генерира промет од над стотина милиони евра.

Ассеко СЕЕ е глобален бренд кој бележи метеорски раст во Југоисточна Европа, а ништо послабо не е ниту македонската „единица“ која создава фантастични годишни приходи. Ассеко СЕЕ се бави со изработка на софтверски решенија за банките, има софтвер и за мобилни и електронски плаќања, услуги за финансискиот сектор, сајбер безбедноста, и автоматизирани ИТ решенија за други области со над 1400 вработени. Ассеко СЕЕ во Македонија има 142 вработени гледано според извештајот за 2016 година што е речиси идентично како и годината претходно. Ассеко СЕЕ успеал во 2016 година да оствари фантастични 16,4 милиони евра приходи или над 1 милијарда денари, како и да постигне раст во однос на 2015 година кога приходите биле поскромни за 1,5 милиони евра. Оперативата на Ассеко СЕЕ е доста обемна, па така расходите во 2016 изнесуваат 13,4 милиони евра. Секако, и со овој висок степен на трошоци годината е завршена повторно во позитива, односно Ассеко остварил профит од 2,7 милиони евра што е речиси идентично како и во 2015 година.

Сеавус е бренд со македонско-шведски капитал и се повеќе присутен на домашниот пазар преку содружните компании како Сивус инкубаторот, едукативниот центар и останатите. Сепак, во оваа анализа предмет е Сеавус друштвото за информатичка технологија кое всушност ги генерира повеќето од приходите на групацијата.

Дека информатичките технологии се многу исплатлив бизнис покажуваат и резултатите на Сеавус во последните две години. Во 2015 година Сеавус успеал да генерира вкупно 12 милиони евра приход, додека пак лани од своите операции ИТ компанијата „скокнала“ на дури 15,5 милиони евра приходи. Сеавус е еден од најголемите ИТ работодавци во Македонија со вкупно 403 вработени лани од кои голем дел се ангажирани за компјутерски технологии, а нивниот број во однос на годината претходно се зголемил за околу четириесетина нови кадри.

Сеавус 2016 година покажа дека е најпрофитабилен ИТ капацитет со вкупна добивка од 3,7 милиони евра што е три пати повеќе во однос на годината претходно. Додека приходите на Сеавус растеле, нивните трошоци се задржани на речиси исто ниво во последните две години, односно во 2015 година имале вкупни расходи од 10 милиони евра, а една година подоцна расходите се искачиле на 11,4 милиони евра.


Ендава е британска ИТ инвестиција во Македонија која доста помпезно беше најавувана и досега се реализирани почетните планови. Во Ендава Македонија работат сто ИТ професионалци и нивниот број постепено се зголемува. Во 2015 година во Ендава биле ангажирани 104 вработени, за нивниот број лани да се искачи на 156. Оптимално Ендава при влезот во Македонија најави дека планот е бројката на вработени да достигне 400 што ќе значи одлична можност за вработување на уште многу високо квалитетни и образовани кадри со плати над државниот просек во перспектива.

Ендава 2016 година бележи добар раст како на приходите, бројот на вработени и крајната добивка споредено со годината претходно кога имале 828 илјади евра приходи, но и речиси двојно поголеми расходи. Од загубата од 680 илјади евра во 2015 година, Ендава лани прави пресврт со тројно зголемување на вкупните приходи кои изнесуваат речиси 3,3 милиони евра, расходите исто така растат што е знак на зголемена оперативна активност и истите достигнале 3 милиони евра. Најпозитивно за Ендава лани е што годината ја завршиле во позитива со солидна добивка од 268 илјади евра и со овие резултати може да продолжат годинава да растат и да ги остварат плановите за експанзија и нови вработувања на македонски ИТ професионалци.

Хаселт исто така се вбројува меѓу домашните ИТ инвестиции која постепено ги зголемува своите оперативни активности и отвара можности за ангажман на млади и квалитетни кадри, за што показател е и соработката со Универзитетот за информатички технологии „Свети Апостол Павле“ Охрид. Тие се занимаваат со развој на иновативни софтверски и ИТ решенија користејќи најнови и најмодерни технологии, како работа во „облак“, развој на веб и мобилни апликации, ИТ операции и други услуги.

Хаселт има нагорен тренд на раст на приходите за околу 15% па така во 2016 компанијата генерирала вкупни приходи од 495 илјади евра споредено со годината претходно. Нивните расходи лани исто така се зголемиле поради зголемениот обем на работа и потрошиле за цела година 454 илјади евра. Хаселт го зголемил и бројот на вработени, па така од 24 во 2015 бројката лани достигнала 30 ангажирани ИТ професионалци и друг персонал.

 „ХАСЕЛТ“ е стратешки партнер со повеќе успешни странски компани во ИТ индустријата и е главниот изведувач и креатор на нивните софтверски решенија. Компанијата моментално има примарно и главно преставништво за развој на софтвер во Скопје, Македонија и преставништво за развој на бизнис во Њујорк, САД.

Автор: Христијан Станоевиќ

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат