Колку пари изгуби Сорос по победата на Трамп?
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2017
Милијардерот Џорџ Сорос изгубил речиси една милијарда долари, како резултат на пазарните промени предизвикани од изненадувачката победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември минатата година, пишува „Вол стрит џурнал".
На денот по победата на Трамп на 8 ноември, акциите на берзите првично паднаа нагло, во согласност со очекувањата на повеќето инвеститори, вклучувајќи го и Сорос.
Потоа ситуацијата се промени драстично и акциите почнаа да поскапуваат, иако индексите се зголемија во просек за 10% во следните недели, што предизвика сериозна загуба на Сорос, бидејќи тој изгледа не го очекувал пресвртот.
Потоа милијардерот ја прилагоди својата стратегија со што му е овозможено да избегне понатамошни финансиски штети.
Сорос е еден од најбогатите луѓе во светот. Според магазинот „Форбс", неговото богатство изнесува околу 25 милијарди долари.