Колку пари потрошила ВМРО-ДПМНЕ за рекламирање во ТВ Нова?
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2017
Од 5-ти до 13-ти октомври ВМРО-ДПМНЕ купувала рекламен простор само во ТВ Нова, при што на оваа телевизија партијата платила речиси 60.000 евра.
ТВ Нова се најде во извештаите на Агенцијата за медиуми. Поради прекумерно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ телевизија ќе сноси прекршочна пријава за надминување на лимитот за рекламирање.
За последните осум дена од првиот круг на изборната кампања ВМРО-ДПМНЕ за изборни активности потрошила вкупно 424.183 евра.
Во вториот дел на првиот круг од изборната кампања партијата успеала да собере 534.227 евра.
Најмногу средства се одлеале за реклами, пропаганда и интелектуални услуги. Извештаите на партијата се групирани во осум дела.
Целиот текст можете да го прочитате тука.