19 Април, 2024
0.1789

Колку пари трошат ѕвездите на меден месец?

Објавено во: Стил 03 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Убави, познати и богати,славните трошат огромна сума пари за свадбите и за медениот месец, а не им недостига ниту луксуз ниту имагинација. Раперот Џеј Зи и пејачката Бијонсе се само една славна двојка која потрошила илјадници долари за свадбата и за незаборавно патување потоа. Музичарите кои станаа родители на девојче, поминаа меден месец во Аризона. Само ноќевњето таму ги чинело 3500 долари на вечер. Принцезата Дијана и принцот Чарлс избрале медитеранско крстарење за цвадбеното патување. Двојката патувала за Тунис и Египет со екипажот на Кралската јахта. Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг деновите по свадбата ги поминаа на одмор во Бора Бора, каде ноќевање во луксузниот апартман ги чинело 15 000 долари. Двојката таму долетала дотаму со приватен авион. Неодамна разведените Том Круз и Кејти Холмс пак, за својот меден месец ги избрале прекрасните Малдиви, додека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон заминаа на приватен остров во Индискиот Океан. Тие имале личен готвач и трошеле по 5000 долари на ден. Тајгер Вудс и Елин Нордегрен, ги соборија рекордите. Тие по свадбата се упатиле кон Барбадос.За свадбата двајцата добиле на подарок јахта, а според гласините, спортистот само за медениот месец потрошил рекордни 57 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре