25 Април, 2024
0.0265

Колку пари зема „Жито Полог“ од продажбата на акциите во ТТК Банка и ЗК „Пелагонија“?

Објавено во: Економија 13 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

„Жито Полог“ продаде акции во ТТК Банка и во ЗК „Пелагонија“ за 1,1 милиони евра во неколку трансакции на берзата. Ова е значаен прилив на кеш во таа компанија со оглед на тоа што изнесува колку 40 отсто од приходот за продажба за половина година

Тетовската компанија за производство на брашно „Жито Полог“ наплати околу 1,12 милиони евра од продажба на свои акции во ЗК „Пелагонија“ и во ТТК Банка. Оваа компанија објави дека продала 40.258 акции со право на глас во ТТК Банка и 16.644 акции со право право на глас во ЗК „Пелагонија“ во изминатиов период и оваа информација ја објави согласно со правилата за котација на Македонската берза.

Според достапните податоци кои можат да се најдат на берзата акциите што ги има во ТТК Банка „Жито Полог“ ги продал по најниска цена од 720 денари за што сведочи големиот трансфер на 2 октомври кога беа истргувани 36.058 акции со право на глас за што наплати околу 26 милиони денари. Вкупно за продадените акции во ТТК Банка компанијата инкасира околу 29 милиони денари. Од структурата на акции за ТТК банка може да се види дека оваа компанија продаде 4,4 отсто од сите акции во таа банка. Засега нема информација кои се новите сопственици на акции или новиот сопственик. Значајно е да се дополни дека „Жито Полог“ подолго време бараше купец за неговите акции и успеа да најде. Со оваа трансакција засега нема промена во акционерската структруа на ТТК Банка каде најголем акционер останува тетовскиот текстилен комбинат „Тетекс“  кој поседува 44 отсто од акциите со право на глас во таа банка.

„Жито Полог“ продаде 16.644 акции во битолскиот комбинат „Пелагонија“ и по таа продажба стана акционер што има помалку од 5 отсто од акциите со право на глас. Од официјалните податоци на берзата може да се види дека продажбата е извршена во 4 трансакции од 22 септември до 4 октомври и по цени од 2.426 денари и од 2.450 денари за акција. За 8,2 отсто од акциите со право на глас „Жито Полог“ наплати 40,47 милиони денари. Од јавните и актуелни податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност може да се види дека нема промени во акционерската структура на ЗК „Пелагонија“ освен таа дека „Жито Полог“ го нема во акционерската структура, но дека нов акционер е физичко домашно лице Ненад Јосифовиќ кој сега поседува 7,34 отсто од акциите со право на глас. Единствено е извесно дека Јосифовиќ во најмала рака докупил 2,35 отсто од акциите (доколку претходно поседувал 4,99 отсто од управувачките права).Јосифовиќ е претседател на надзорниот одбор на „Стопанска банка Битола“. Воедно Јосифовиќ поседува 5,13 отсто од акциите со право на глас во „Жито Полог“. Освен Јосифовиќ акционери во „Жито Полог“ и: ЗК „Пелагонија“ со 37,5 отсто од акциите, велешки „Благој Ѓорев“ со 8,9 отсто, „Софија градба“ со 5,13 отсто и домашните физички лица Златко Пирузе со 5,13 отсто и Драги Митевски со 6,61 отсто од  правата на глас.

Колку пари влегоа во „Жито Полог“ ?

 Тетовската компанија за брашно од двете продажби инкасира над 1,1 милиони евра. Тоа е речиси 40 отсто од сите приходи од продажба на таа компанија во првата половина годинава. Од полугодишниот биланс на состојба е видливо дека вложувањата во хартии од вредност на таа компанија вределе 87,9 милиони денари. На крајот на годинава оваа ставка ќе се намали и ќе треба да го намали и износот на постојани средства на фирмата за износот на продадените акции. Останува да видиме за што оваа компанија ќе го искористи приливот од продадените акции. Вкупните обврски на фирмата на полугодие биле 68 милиони денари, а обврските по кредити биле 43 милиони денари. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?