Добивај вести на Viber
Со измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од јануари 2013 година, пензиската основа не се ограничува на максимум 80 отсто, како што беше претходно. Сега за секоја одработена година плус, пензиската основа ќе се зголемува за 1,61 отсто, пишува денешен „Вест“.
Тоа значи дека работниот стаж во иднина ќе влијае врз висината на пензиите на идните пензионери. Жените кои ќе имаат работен стаж поголем од 35 години и мажите со над 40 години стаж ќе земаат повисоки пензии.