28 Март, 2024
0.0266

Колку порасна долгот во државни хартии?

Објавено во: Финансии 23 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Државниот долг во записи и обврзници достигна 1,459 милијарди денари, а во тренд е задолжувањето на долг рок особено „хит“ е задолжување на 20 години кое за 11 месеци порасна за повеќе од 100 отсто

Државниот долг во државни хартии од вредност (записи и обврзници) за 11 месеци во 2017 година пораснал за 10 отсто односно за 136,68 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави Министерството за финансии вчера на својата интернет страница.

На 30 ноември македонскиот државен долг изразен во записи и во обврзници изнесува 1,459 милијарди евра. Во јануари годинава државниот долг изразен во записи и во обврзници изнесувал 1,314 милијарди евра.

Македонија пред домашните кредитори е должна во следниве седум финансиски инструменти: 6 месечни државни записи, 12 месечни државни записи, 2 годишни државни обврзници, 3 годишни државни обврзници, 5 годишни државни обврзници, 10 годишни државни обврзници и 20 годишни државни обврзници. Овие инструменти атрибутот во називот го добиваат врз основа на рокот на враќање.

Какво задолжување е во шема?

Официјалните податоци покажуваат тенденција на зголемување на задолжувањето кај три категории инструменти за задолжување и намалување кај исто толкав број инструменти за задолжување. Разликата е во тоа што намалувањето на задолжувањето како агрегат е 7 милијарди денари (околу 113,27 милиони евра), а зголемувањето на задолжувањето во ист период е 15,446 милијарди денари односно 249,93 милиони евра.

Најголем раст на задолжувањето има кај државните обврзници со рок на враќање на 20 години. Во јануари нивната вредност била 10,796 милијарди денари, а на крајот на ноември е удвоена и изнесува 22,019 милијарди денари.Очигледно е дека стратегијата е решавање на проблемот преку негово одложување на 20 години.

Значајно намалување на долгот има кај 5 годишните обврзници чиј износ е намален од 18,1 на 11,8 милијарди денари. Но тоа влијание е преполовено со задолжувањето на рок од 2 години каде обврските се зголемени од 3,67 милијарди денари на 7,23 милијарди денари.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ НАПРАВИЈА НЕВИДЕНИ ШТЕТИ: Премрзнаа овошните дрвца во Росоман

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“

НАФТЕН ГИГАНТ ПРОДАВА НАД ИЛЈАДА ПУМПИ ШИРУМ СВЕТОТ: Еве што се крие зад одлуката на „Шел“