23 Април, 2024
0.1409

Колку пратеници очекуваат ВМРО за Македонија?

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

ВМРО за Македонија предводена од Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и генералот Стојанче Ангелов синоќа на својата конвенција во Македонската опера и балет ги престави своите листи на канадидати за пратеници на предвремените парламентарни избори за 11 декември.

Тие очекуваат најмалку 15 пратеници, а ќе се борат против омразата и реваншизмот. 

Георгиевски вели дека најголем грев на граѓаните ќе биде ако на една партија и дадат 63 пратеници.  Според него, тоа водело кон присилби и тензии. Бошкоски кажа дека патот по кој што тргнале е тежок, но со победничиот двоец засилени со генералот Ангелов имаат сили и ќе се движат кон врвот.  Ангелов кажа  дека дошло време борбата да се продолжи во политиката.

Ден Дончев е носител на листата во првата изборна единица, Љупчо Балковски во втората, лидерот на Достоинство,  Стојанче Ангелов е носител во тројката, Љубчо Георгиевски, лидерот на ВМРО-НП во четворката, Љубе Бошковски, лидерот на Обединети за Македонија  ќе биде носител во петата изборна единица. Во шестката и седмицата носители се Зоран Велковски и Стојадин Наумовски.


Можеби ќе ве интересира

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост