25 Април, 2024
0.0257

Колку спечали Германија од грчката криза?

Објавено во: Анализа 11 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Истражувањата на институтот за економски студии „Лајбниц“ покажаа дека Германија од кризата во Грција досега има заработено околу 100 милијарди евра. Студијата покажува дека Германците од кризата во Грција заработиле вистинско богатство - сумата претставува пари кои Германија ги заработила од ниските камати на државните хартии од вредност. „Овие заштеди ги надминуваат трошоците на кризата, па дури и во случај Грција да банкнотира. Јасно е дека Германија имаше корист од кризата во Грција“, тврдат авторите на истражувањето. Од „Лајбниц“ тврдат дека кога инвеститорите ќе се соочат со проблем на пазарот, тогаш тие барат „засолниште“ за своите пари, а Германија е „омиленото“ место. cipras-merkel-640x400 „Во изминативе неколку години, финансискиот пазар кога и да се соочуваше со негативни работи, каматните стапки на германските државни обврзници (кои Германија им ги плаќа на купувачите) опаѓаа или пак беа негативни, а кога вестите се добри, тогаш се во пораст“, истакнуваат авторите. „Од заработката на обврзници имаа корист и другите земји, вклучувајќи ги САД, Франција и Холандија, но во значително помала мера. Уделот на Германија во финансиските пакети за Грција, вклучувајќи ги и новите изнесува околу 90 милијарди евра. Дури и во случај Грција да не врати ниту цент, државната каса на Германија имаше финансиска корист од кризата“, се истакнува во истражувањето. При проблемот со кризата во Грција, Берлин бараше фискална дисциплина на Грците и остри економски реформи во замена за согласност со новата помош од меѓународните кредитори. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле беше против отпишување на долговите на Грција притоа укажувајќи на „урамнотежнетиот“ буџет на неговата земја. Институтот, меѓутоа тврди дека урамнотежнетиот буџет на Германија бил можен во најголемиот дел поради каматите од штедењето и покрај кризата во Грција. Износ од 100 милијарди евра Германија има заштедено од 2010-та година и тоа е 3% од бруто домашниот производ. К.К.