20 Април, 2024
0.0367

Колку средства искористила Македонија од ИПАРД 1?

Објавено во: Агробизнис 27 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Во јануари минатата година стартуваше ИПАРД 2 мерката која се однесува на инвестиции во руралната инфраструктура.

Од Министерството за земјоделие денеска соопштија дека средствата за ИПАРД 2 не се намалени во однос на ИПАРД 1.

 Буџетот е помал и изнесува 60,3 милиони евра, но, покрај оваа сума, на Македонија и се одобрени дополнителни 36 милиони за структурни инвестиции во земјоделството или вкупно околу 100 милиони евра.

Парите од ИПАРД 1, кој беше проектиран на 85 милиони евра за периодот 2007 - 2013 година, се доделуваа година за година, а сега, со ИПАРД 2, рече Костовска, се одобруваат одеднаш. Ако се увиди дека добро ги искористуваме, постои можност да добиеме дополнителни средства.

- Имаме добар напредок во однос на квалитетот на барањата и користењето на средствата, но инвестициите се се уште мали. На нашите земјоделци побарувачката им е за мали инвестиции, во просек по 6.000 евра кофинансирање за примарното производство, истакна Костовска.

Според неа, средствата од ИПАРД 1 засега се искористени само 15 отсто, но до крајот на 2017 година се очекува овој процент да достигне околу 30. Склучени се над 1.000 договори за кофинансирање на 20 милиони евра. Дел од средствата се исплатени, а за дел исплатата е во тек.

- ИПАРД 1 е во завршна фаза, а ќе финишира на 31 декември 2017 година. Веќе нема јавни повици, Платежната агенција ги обработува барањата од последните огласи, склучува договори и исплаќа средства кон крајните корисници.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари