20 Април, 2024
0.0253

Колку тежат кандидатите за претседател на САД

Објавено во: Анализа 10 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Верувале или не, Доналд Трамп не е единствениот милијардер кој некогаш се кандидирал за претседател на Соединетите Американски Држави. Не е ниту најбогатиот меѓу нив. Кога изборите во Америка би биле натпревар за популарност, секако не е на одмет да бидете најбогатиот натпреварувач. Доналд Трамп веќе крена голема прашина, иако има уште цела година до претседателските избори во 2016 година. Не се штедеше на навредите, дискриминирачките изјави и кавгите со сите конкуренти, па и со колегите Републиканци. Лесно е да се гледа на Трамп како на забавната страна за „сеир“ на изборите, но анкетите покажуваат дека има доволно поддржувачи, кои заедно со неговото масовно лично богатство му даваат огромна предност пред другите кандидати. Но, не е сé во парите. На листата на најбогатите претседателски кандидати на сите времиња, Трамп стои веднаш после врвот. Сепак, не е опкружен од победници. Претседателот Барак Обама, за споредба, „тежи“ околу 7 милиони долари. Еве колку имаат најбогатите. Рос Перот: 3 милијарди Рос Перот ја има титулата на најбогат човек кој некогаш се кандидирал за претседател на САД. Тексашкиот сенатор е еден од првите милијардери кои се збогатиле благодарение на технологијата, откако ја основал компанијата Electronic Data Systems во 1962 година. Истата ја продал на General Motors во 1984 година, за 2,5 милијарди долари. Политиката на Перот, исто како и неговите производи, била чекор напред пред времето. Неговиот бренд на конзервативизам насочен кон бизнис, вклучително и неговиот повик за балансирање на федералниот буџет, подоцна беше присвоен од The Tea Party (организација која се залага за враќање на конфедерализмот). Доналд Трамп: 2,9 милијарди Ако му верувате на тоа што го кажува, односно дека има богатство од 10 милијарди долари, Доналд Трамп е дефинитивно прв на листата. Можеби овие податоци се точни, а можеби и самиот Трамп лаже за да го подобри својот имиџ. Трамп, кој до август владееше на анкетите помеѓу сите кандидати во повеќето американски земји, можеби не „тежи“ 10 милијарди како што тврди, но дефинитивно е меѓу најбогатите кандидати на сите времиња. Bloomberg проценува дека Трамп поседува богатство во вредност од 2,9 милијарди долари. Ако веруваме пак на експертизата на Forbes, Трамп сепак би бил најбогат кандидат, со околу 4 милијарди. Како на Трамп да му фалеше уште поголема предност, медиумите му даваат толку многу медиумски простор бесплатно, што се чини дека воопшто и не му е потребна претседателска кампања. Џорџ Вашингтон: 525 милиони долари najbogati-pretsedatelski-kandidati-03 Таткото на Америка, на изненадување на сите, бил полн како брод. Освен што бил прилично феноменален стратег и генерал, Џорџ Вашингтон бил сопственик на повеќе од 8.000 ари обработливо земјиште како дел од неговата плантажа во Вирџинија, Маунт Вернон. Освен овие плантажи, за жал, бил сопственик и на повеќе од 300 робови кои ја обработувале земјата. Иако имал „само“ 525 милиони долари, Вашингтон е веројатно најбогатиот човек кој некогаш седнал на фотелјата. Стив Форбс: 430 милиони долари Внукот на основачот на Forbes магазинот, Стив Форбс, бил кандидат на Републиканската партија на изборите во 1996 и 2000 година. Со богатство од околу 430 милиони долари, Форбс ја применувал политиката по која е познат Перот. Имал мал успех во 1996 година, победувајќи во Делавер и Аризона на прелиминарните избори, но не успеал да обезбеди номинација. Мит Ромни: 250 милиони долари najbogati-pretsedatelski-kandidati-05 Ромни, кој беше конкурент за претседателската позиција на Обама во 2012 година, го создал своето богатство како консултант во Bain & Company, а подоцна помогнал во основањето на Bain Capital, улога која заслужи многу критики за време на кампањата. Сепак, вреди да се спомене дека Ромни голем дел од своето богатство го донира во хуманитарни цели, односно најголем дел од парите ги дава во Мормонската црква. Џон Кери: 200 милиони долари U.S. Secretary of State Kerry speaks about the Ukraine crisis after his meetings with other foreign ministers in Paris Актуелниот државен секретар на САД е прилично богат, со проценето богатство од околу 200 милиони долари. Најголемиот дел од нив се семејни пари, со оглед на тоа што Кери има служено во Армијата или како политичар целиот свој живот. Богатството на Кери е минимално во однос на парите кои ги поседува неговата сопруга, Тереза Хајнц Кери, која е вдовица од семејството Хајнц, сопственици на познатата фабрика за кечап. Во 1996 година, таа се омажила за Хенри Џон Хајнц III, кој станал сенатор. Починал во авионска несреќа во 1991 година. К.К