24 Април, 2024
0.0279

Колку трошела ЕЛЕМ за 5 години на само 5 фирми за ископи?

Објавено во: Економија 26 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Директорот на ЕЛЕМЕ, Драги Миновски, откри нови детали за работата на претходното раководство, особено за периодот од 2012 до 2017 година кога биле потрошени 212 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј што било значително повеќе во однос на претходните периоди.

За оваа намена биле ангажирани надворешни фирми, од кои исто така била изнајмувана и опрема, со оглед на тоа што ЕЛЕМ не поседува соодветна механизација. За ископ во РЕК Битола биле ангажирани само пет компании: Трансмет, Силекс Неметали, Пелистер, Гранит и Марковски Компани. Првите две фирми, Трансмет и Силекс Неметали се дел од случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој се сомничат дека со фалсификувани документи добиле тендер во ЕЛЕМ токму за ископ на јаловина.

„Овде може да направиме споредба за исто така еден друг шестгодишен период, од 2000 до 2005 година. Тогаш за ископ на јаглен и јаловина и за користење на надворешна механизација биле платени 38 милиони евра. Значи очигледна е разликата од 38 милиони евра во периодот претходно и 212 милиони евра. Пет пати повеќе од периодот 2000 – 2005 година.“ – изјави Драги Миновски, генерален директор на АД ЕЛЕМ

Затоа новото раководство на ЕЛЕМ најавува дека ќе набави сопствени машини со цел да ги намали трошоците.  Набавката ќе биде во вредност од 64 милиони евра, а актуелното раководство очекува тоа да ја намали цената на струјата.

За се што е сработено досега ќе биде извршена темелна ревизија.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?