18 Април, 2024
0.0264

Колку вреди Болт, најбрзиот човек на планетата?

Објавено во: Економија 07 Август, 2017

Добивај вести на Viber

Усаин Болт својата кариера на Светските првенства во атлетика ја заврши со бронзен медал во Лондон на истото место каде постави историски рекорд но, на Олимпијадите како освојувач на вкупно 9 медали со што се истакна како најдобрите атлетичари на сите времиња. Исто така неговиот светски рекорд од 9,58 секунди на патеката од 100 метри долго време ќе биде нечепнат од конкурентите. Затоа кога е време за пензија добро е да се погледне колку пари успеа да заработи шармантниот Јамајканец обожуван на глобално ниво.

Според повеќе извештаи богатството на Усаин Болт се проценува на околу 52 милиони евра, но од таа сума одвај 10% се должат на директни премии и награди од самите трки. Во атлетиката нема многу пари, вообичаено спринтерите заработуваат по 10.000 евра годишно и тоа говориме за подобрите натпреварувачи од посилните земји како Канада, САД и од Западна Европа. 

Заработката на Усаин Болт се должи најмногу на спонзорските договори кои тој ги реализира со компаниите за кои е заштитно лице или пак се појавува во нивните маркетинг кампањи, секако многу значајна е и спортската опрема која ја носи што подлежи на посебен вид на маркетинг правила кога се во прашање настапите на Олимписките игри каде директни промоции се строго забранети. Така тој од Пума вкупно ќе добива по 9 милиони евра секоја година до истекот на договорот во 2025 што значи ќе има приходи и откако ќе ги „закачи“ спринтерките. 

Болт многу повеќе заработува кога се трка за забава, така на различни промотивни настани тој добива околу 300 илјади евра за отприлика 10 секунди. Негов втор највреден спонзор е брендот за пијалоци Gatorade кој му исплаќа околу 3 милиони евра годишно плус бонуси ако е сликан во јавност со нивните производи. 

Тој има уште десетина вредни спонзорски договори, но не сите ги имаат објавено финансиските детали. Секако, кога ќе биде во пензија бонусите и исплатите ќе се намалат, но со собраниот капитал и глобалната слава можностите за негова промоција преку документарни и играни филмови, ТВ појавувања, книги и други материјали може да му донесат околу 25 милиони евра годишно.

Автор: Христијан Станоевиќ


Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто