20 Февруари, 2018
0.3858
    ALK 7801.99    -1.64%     BESK 10275    -3%     GRNT 810    -0.06%     KMB 3389.73    -0.22%     MERM 800    -20%     MPT 29500.63    0%     OKTA 3620    0.56%     RMDEN16 94.9    0.11%     RZUS 139    3.73%     SBT 2041    -2.86%     STB 940.85    0.03%     STIL 139.03    -4.1%     TETE 2286.67    2.27%     TKVS 3110    2.98%     TNB 13581.59    -0.42%     TPLF 1649.9    1.35%     TTK 947    -2.97%     UNI 2050    0%

Колку вреди откупот во земјоделството за изминатите 5 години?

Објавено во: Колумни 23 Јануари, 2018

Пратењето на откупните цени на земјоделските производи е важно бидејќи опфаќа определени  информации   за други движења на пазарот на земјоделските производи чиј резултат е откупната цена. Откупната цена се добива со делење на вредноста на откупеното производство со количината на производството. Притоа кога ја пресметуваме откупната цена за повеќе години, се среќаваме со движење на вредноста и количините на откупените производи, што  овозможува откривање на определени движења во аграрната  политика и некои причини за движења во производната структура.

 Истражувањeто на  откупните цени  го правиме за последите пет години, со помош на објавените официјални податоци на Државниот Завод за статистика (ДЗС). Покрај откупната вредност на производите во статистичките  годишници  (2012 до 2017 год.) е  прикажана  вредноста на група производи како и вкупно на РМ.

  Вредноста на вкупниот откуп во 2012 година изнесувала 13.307 милиони денари, во 2013 нешто над 14000 милиони , потоа е намалена во 2014 на 13780 милиони денари, па во 2015 и 2016 година расте скоро над 15000 милиони, а во 2016 над 16000 милиони денари. Во статистичкиот годишник  на РМ има информации одделно за индивидуалните земјоделски стопанства оделно за  вкупното земјоделство. За  да се види колкави се откупните вредности,и количини и цени на земјоделските производи кој земјоделските претпријатија, откупното се одзема од вредноста на индивидуалните стопанства.  Овој пат ќе се задоволиме  само да прикажеме  со  колку проценти во вкупната вредност од земјоделските претпријатија  учествуваат во вкупната откупна вредност.

Таб. 1 Учество на откупот на земјоделските претпријатија во вкупниот откуп на РМ   

   во милиони денари/кг

Показател

2012

2013

2014

2015

2016

Вкупна откупна вредност

13307

14070

13781

14958

16036

Од индивидуални земјоделци

7924

7990

8167

10532

10714

Од земјоделски стопанства

5383

6080

5614

4426

8322

Учество на земјоделските стопанства (%)

40,5

43,2

40,7

29,6

33,2

  Очигледна е важноста на производството на земјоделските стопанства кои учествуваат со релативно високи проценти во вкупниот откуп но со непознати причини за опаѓањето во последните две години. Благодарение на групираните вредности по групи  култури ја пресметавме структурата од која може да се види кои групи производи со колку учествуваат во вкупната откупна вредност (таб.2) во последните три години, може да се види какви се отстапувањата по години кај поедини  групи култури. Индустриските култури пред се тутунот  придонесува во сите три години  да  доминира нивното учество со над 30% со тенденција на пораст, бидејќи од 2014 со учество од 23,3%  во следните две години да се зголеми на 31,6 , односно  33,3 %. Во исто време втората и третата група производи со учеството (млеко и млечни производи, како и  жита ) од 23,8% и 14,0% во 2017 година опадна нивната  откупна вредност за 3,6% кај млеко и млечни производи, а за 7% кај житата кои од учество со 14% во 2014 година двојно се намали во 2016 година.Внимание заслужуваат зеленчукот, чие учество се зголемува но е релативно ниско, бидејќи зеленчукот најмалку се продава на откупни пунктови, потоа овошјето кое има исто така ниско учество од 10%, а алкохолните пијалоци опаднале со своето учество од 13,4% на 8,8%. Вкупната откупна вредност во овие три групи покажува пораст од 8,3% во 2015 година во однос на 2014 8,1% пораст во 2016 во однос на 2015, а 17,1% во 2017 во однос на 2014 год.

 Таб.2  структура на откупната вредност во последните три години

   во милиони денари

  Групи култури 

2014

2015

2016

Вредност

%

Вредност

%

Вредност

%

 

1956

14,0

1674

11,1

1214

7,4

Добиток 

854

6,1

909

6,0

849

5,2

Живина и јајца

336

2,4

339

2,2

489

3,0

Млеко и млечни производи

3321

23,8

3036

20,1

3297

20,2

Зеленчук

993

7,1

1213

8,0

1607

9,9

Добиточна храна

5,0

0,0

1,6

0,1

8,4

0,5

Овошје

1040

7,5

1461

9,6

1286

7,9

Алкохолни пијалоци

1863

13,4

1341

8,9

1439

8,8

Индустриски растенија

3216

23,0

4767

31,6

5430

33,3

Риба свежа

54

0,4

57

0,4

75

0,5

Други производи

286

2,1

292

1,9

535

3,3

Вкупно

13925

100,0

15085

100,0

16305

100,0

  Откупните цени на земјоделските производи, на слободниот пазар (во пазарна економија) се формираат како и на другите производи и услуги од односот на понудата и побарувачката на пазарот. Мислам дека така се формирани откупните цени на најголем број земјоделски производи. Меѓутоа во последните неколку години Владата преку Агенцијата за финанскиска поддршка сериозно го ремети слободниот пазар, со дополнителни субвенции  на грозје и некои  градинарски,  па и овоштарски производи во зависност од тоа на кој купувач ги продале производите. Потоа од финансиските средства за поддршка на земјоделството се поддржуваат (финансиски) индустриски претпријатија (преработувачи), со што се намалуваат средствата за регуларна поддршка на производите.

Затоа нашиот пазар на откуп на земјоделски производи треба да се смета за делумно слободен поради еден лош сегмент од аграрната политика, што не оддалечува од  принципите и мерилата на заедничката аграрна политика на ЕУ.

Таб.3 Движење на откупните цени кај поважните земјоделски производи

  во милиони денари /кг

Вид производи

2012

2013

2014

2015

2016

Пченица

15,2

14,2

11,4

10,6

9,2

Пченка

13,4

13,2

12,9

8,9

9,4

Ориз  (арпа)

17,9

17,3

21,7

23,1

16,6

Свињи

111,3

116,3

127,3

113,6

104,2

Говеда

65,7

69,7

65,0

76,1

72,4

Јуниња

111,2

118,1

115,6

119,7

117,4

Јагниња

170,0

162,5

144,7

151,9

146,5

Јајца (ден./парче)

4,6

4,50

4,50

4,12

4,14

Пресно кравјо млеко

19,6

19,7

20,4

19,5

17,9

Пресно млеко-овчо и козјо

29,9

31,3

30,0

30,0

29.4

Други сирења

213,5

215,5

206,6

209,9

160,8

Домати

27,8

26,2

28,9

28,0

25,3

Пиперки свежи

19,3

18,1

21,8

21,6

18,5

Краставици

23,2

29,4

28,9

31,8

28,5

Друг свеж зеленчук

16,6

16,7

11,8

13,5

15,1

Сено од луцерка

7,4

7,5

4,9

4,8

6,4

Други крмни растенија

2,6

3,8

6,7

1,8

1,8

Јаболки за јадење

15,6

16,5

18,2

15,2

17,3

Јаболки за преработка

5,9

8,3

6,0

8,8

2,0

Грозје за јадење

25,6

26,2

30,5

17,3

26,5

Грозје за преработка

11,6

12,4

12,8

13,0

12,6

Вино

51,0

50,9

67,8

81,6

83,0

Сончоглед

29,3

16,4

16,2

21,1

12,9

Тутун сув лист

176,7

170,5

143,0

161,9

186,7

Мед

/

185,1

211,0

141,0

239,3

Во статистичките годишници на ДЗС се прати откупот на нешто над 70 производи. Јас одделив 20 најважни и со релативно најголем обем на производство чии цени  (таб.3) ќе  претпоставиме  се формирани слободно. Нормално е поголема или помала разлика во цените  по години. Генерално, може да се забележи тенденција на пораст на цените и ако има важни производи кај кои уште особено во 2015 и 2016 година сериозно опаднале цените  во споредба со 2012 година како што се пченицата и пченката, потоа кај јачменот, јаболки за преработка и др. најголем пораст на откупната цена се случи кај медот, кај оризот и др.

Во услови на слободен пазар вакви движења на откупните цени за пет и повеќе години  даваат можност  за посериозно планирање  во иднина на асориманот на производството.

проф.д-р. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Ќе бара ли Грција и колективна лоботомија за сите што се чувствуваат Македонци

Ќе бара ли Грција и колективна лоботомија за сите што се чувствуваат Македонци

ШТО Е МАКЕДОНИЈА?

ШТО Е МАКЕДОНИЈА?

Да ги потсетиме функционерите што е тоа морална одговорност

Да ги потсетиме функционерите што е тоа морална одговорност

ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ПАЗАРНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Бездушни неморални личности

Бездушни неморални личности

Каде згрешивме, дали направивме генерации кои чекаат некој друг да им улови риба, наместо тие самите

Каде згрешивме, дали направивме генерации кои чекаат некој друг да им улови риба, наместо тие самите