25 Април, 2024
0.0270

Колку всушност е голем нафтениот пазар? (инфографик)

Објавено во: Финансии 17 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Уште од измислувањето на моторот со внатрешно согорување нафтата е една од најважните суровини на планетата. Без неа современиот транспорт, таков каков што го знаеме, нема да биде можен. Индустрии, како авијацијата, вселинските истражувања, автомобилите, комерцијалнате флота и војувањето, не би изгледале на ист начин денес, коментира „VisualCapitalist“.

Се разбира, како што веќе знаеме, тоа доаѓа со цена на крајни негативи за животната средина. Иако новите зелени технологии и литиум револуцијата на крајот ќе помогнат за намалување на улогата на нафтата во транспортната индустрија, факт е дека сеуште користиме по 94 милиони барели сурова нафта на ден во целиот свет.

Како резултат на тоа, енергетската индустрија продолжува да има сериозно влијание врз нашиот живот. Специјални групи на интерес, со фокус на енергијата влијаат на локално ниво. Во меѓувреме, од гледна точка на надворешната политика, земји како Саудиска Арабија и Русија освојуваат дополнително географска и економска сила поради природните ресурси.

Целта на денешниот инфографик е да помогне да се објасни влијанието што нафтата го има врз земји и пазари, користејќи многу едноставна перспектива: големината на пазарот на сурова нафта во однос на сите пазари на метали, земени заедно.

Еден барел нафта може да се користи за повеќе цели, поради што се уште имаме потреба од огромен волумен од суровината годишно, за да се поддржува потрошувачката.

Секоја година се произведуваат околу 34 милијарди. Барели годишно, а пазарот на нафта по сегашните цени изнесува 1,7 трилиони долари годишно.

За споредба, пазарот на злато* годишно изнесува 170 милијарди долари, на железо - 115 милијарди, а на бакарот - 91 милијарди долари, откако тоа се и трите најголеми пазари по нафтата. На следната позиција е алуминиумот со 90 милијарди долари, а многу по него доаѓа цинкот со 34 милијарди долари. Другите големи пазари се оние на магнезиум (30 милијарди долари), никел (21 милијарди долари) и сребро (20 милијарди долари). Пазарот на останатите метали, вклучувајќи платина, паладиум, титаниум, ураниум и др., вкупно изнесува 67 милијарди долари.

Вкупниот износ на сите пазари на метали достигнува 660 милијарди долари - а ова е само дел од големината на пазарот на нафта.

* Изданието ја пресметува големината на пазарите, откако ја користи последната цена за релевантната суровина помножена со побарувачката за 2015 година.



Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот