19 Април, 2024
0.5102

Колку заработи директорот на најголемата македонска винарија?

Објавено во: Економија 25 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Со годишна плата од речиси 90.000 евра Илиевски се вбројува во најдобро платените тројца директори на македонски компании. Илиевски во „Тиквеш“ лани ги зголемил приходите од продажба за 2,5 милиони евра, а добивката ја зголемил за 130 отсто. Сепак, сопственикот на „Тиквеш“, групацијата „М-6“ во јули годинава на негово место го назначи Радош Вукиќевиќ.

Игор Илиевски, како генерален директор на „Тиквеш“ најголемата и најпозната македонска винарска визба, во последната цела година на раководење на фирмата имал годишна плата од 89.300 евра односно 5,5 милиони денари, покажуваат официјалните податоци од годишниот извештај на оваа компанија. Илиевски, во чија бруто плата се вклучени и надоместоците, беше генерален директор на компанијата до средината на годинава.

Приходот од продажба на „Тиквеш“ лани достигнал 1,307 милијарди денари и е поголем за 114 милиони денари од реализацијата во 2015 година. Бруто добивката била 516,8 милиони денари, а оперативната добивка изнесувала 158,3 милиони денари (над 2,5 милиони евра)  и во однос на 2015 година е повисока за 39 милиони денари. Нето добивката изнесува 83,26 милиони денари и е за 46,7 милиони денари поголема од 2015 година. Според достапните официјални податоци „Тиквеш“ освен тоа што е најголем продавач на вина и ракија на македонскиот пазар е и најголем продавач на вино во амбалажа т.е. флаширано вино.

Во извештајот, крајно транспарентно и согласно со Законот за трговски друштва, се објавени платите на сите членови на Управниот одбор на винаријата како и на членовите на Надзорниот одбор. Значајно да се истакне е тоа што 5 членови на Управниот одбор и уште толку членови на Надзорниот одбор на компанијата немаат никакви примања од „Тиквеш“ и нивните работни обврски во таа компанија ги вршат волонтерски. Тоа се основачите и сопственици на компанијата „М-6“: Светозар Јаневски, Мате Настески, Снежана Славкова и Светлана Пендаровска. На платниот список на „Тиквеш“ освен Илиевски е уште и Љупчо Крстевски , советник за квалитет на генералниот директор на „Тиквеш“ кому лани „Тиквеш“ му исплатил околу 527.000 денари.

„Фактор“ веќе објави листа на директори со најголеми примања од компаниите кои досега согласно со Законот за трговски друштва ги објавија бруто платите на нивните директори. На следниот линк можете да прочитате повеќе на јавно најплатените директори во земјава.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб