25 Април, 2024
0.0810

Колку заработи и во кои акции вложи Фондот МБИ-10?

Објавено во: Финансии 11 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

За првите три месеци работење добивката од дивиденди е речиси 23.000 евра, а најголеми вложувања овој Фонд има во акции на „Комеријална банка“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“

Нето добивката на Фондот МБИ-10, единствен домашен приватен отворен фонд што го следи индексот МБИ-10 и вложува во тие акции, за три месеци изнесува 22.900 евра односно 1,43 милиони денари покажуваат официјалните податоци достапни на сајтот на друштвото што управува со овој фонд „КБ Публикум“.

Во периодот од 30 јуни лани, за кој е изработен извештајот, Фондот МБИ-10 кој почна со работа на 1 април лани, остварена е добивка од 501.795 денари од камати на депозити и 1,41 милиони денари од дивиденди од акциите што до тогаш ги поседувал Фондот МБИ-10. Вкупните трошоци на Фондот за периодот април-јуни изнесувале 483.431 денар, а нето добивката е 1,43 милиони денари, потврдуваат достапните официјални податоци од билансот на успех на првиот домашен отворен инвестициски фонд кој вложува во акциите од индексот МБИ-10.

Од достапните расходни податоци се гледа дека најголема трошочна ставка е расходот за друштвото кое управува со фондот односно „КБ Публикум“ и таа изнесува 218.203 денари за три месеци што се пари за влезни провизии и надомест за управување. Трансакциските трошоци изнесуваат 173.901 денар, а трошокот за депозитарната банка е 43.640 денари. Останатите дозволени трошоци изнесуваат 47.687 денари.

Во кои акции се вложени парите на инвеститорите во Фондот МБИ-10?

Официјалните податоци покажуваат дека вредноста на имотот на Фондот на 30 септември е 220,3 милиони денари, а сите пари се вложени во домашниот пазар на капитал. Од тоа во орочен депозит во „Еуростандард банка“ фондот чува 12,8 отсто од вредноста односно 28,2 милиони денари. Другите пари се во акции. Најзастапени во портфолиото на Фондот се акциите на „Комерцијална банка“ и на „Алкалоид“ од аспект на учество во вредноста на Фондот. Вредноста на стекот во акции на „Комерцијална банка“ на крај на септември е 40,5 милиони денари односно 18,4 отсто, а во акции на „Алкалоид„ е 38,5 милиони денари односно 17,5 отсто од вредноста на фондот. На трето место е вложувањето во акции на „Макпетрол“ кои на датумот на пресек вределе 30,14 милиони денари односно 13,7 отсто од Фондот. На 10 отсто од вредноста на Фондот има уште во најголемата градежна компанија „Гранит“ и тие вределе 11,25 отсто од целиот Фонд односно 24,7 милиони денари. На крајот на септември вложувањата во акции на „НЛБ Банка Скопје“ вределе 14,85 милиони денари, во Телеком 12,65 милиони денари, а во „Македонијатурист“ 12,2 милиони денари. Од банките се застапени уште и „Стопанска банка Скопје “ со 10,25 милиони денари и Охридска банка со 8,6 милиони денари.

состојба 30.6.2017г.

вредност на вложување

состојба 30.9. 2017г.

вредност на вложување

КМБ (акции)

10,5 мил.ден

КМБ (акции)

40,5 мил.ден.

АЛК (акции)

10,37 мил.ден.

АЛК (акции)

38,5 мил.ден.

МПТ (акции)

4,48 мил.ден.

МПТ (акции)

30,14 мил.ден.

ГРНТ (акции)

6,4 мил.ден.

ГРНТ (акции)

24,7 мил.ден.

ТЕЛ (акции)

2,65 мил.ден.

ТЕЛ (акции)

12,65 мил.ден.

СТБ (акции)

3,4 мил.ден.

СТБ (акции)

10,25 мил.ден.

МТУР (акции)

2,21 мил.ден.

МТУР (акции)

12,2 мил.ден.

Еуростанд.банка (депозит)

31,68 мил.ден.

Еуростанд.банка (депозит)

28,2 мил.ден.

СБТ

1,1 мил.ден.

 ---------- 

-------------

-----------------

------------------

Охридска банка

8,6 мил.ден.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот