29 Март, 2024
0.0236

Осмомартовски (не) еднаквости

Објавено во: Анализа 06 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Секој осми март може да се забележи една иста слика: се подаруваат цвеќиња, кармини и слични дреболии, се прославува по ресторани и кафулиња и се организираат различни веселби по повод денот на жената. Зарем жените се толку еднакви во општеството повеќе нема за што да се борат?

tabela

Само 39.5% од вработените се жени, а дури 64% не се активни на пазарот на труд. Сеуште, во нашето општество имаме стереотипни размислување дека грижата за семејството и децата е главно обврска на жената. Тоа го покажува и статистиката, бидејќи скоро половина од жените кои не се активни на пазарот на труд, како причини ги наведиле грижата за семејните обврски (34%) и одгледувањето деца и стари лица (10%). Од друга страна се вработените жени, кои успеале да се вклучат во општеството, финансиски се помалку зависни и се борат нивниот глас да се слушне и да предизвика некоја промена. Но, повторно постои нееднаквост. Нивните колеги мажи во просек имаат повисока плата за дури 10%. Дополнително, напредокот во кариерата и пристапот до раководни позиции изгледа е потежок за жените. Па, ако жена и маж имаат исто образование, стаж, искуство, вештини, зошто тогаш не напредуваат исто? Можеби фактот што жената е истовремено и мајка и има поголеми други обврски како неплатен семеен работник ги објаснува овие разлики. Во нашето општество често жените се на крстосница да ја жртвуваат кариерата и да се задоволат само со тоа што се некаде вработени или да го жртвуваат семејството на сметка на кариерата. Борбата е овде. Жените треба да се изборат да не постои оваа крстосница, да можат истовремено да бидат и мајки, сопруги но и лидери во општеството и општествените промени.

tabela 1

Па, драги мои дами, разлислете повторно дали треба да се слави осми март или пред нас постојат уште многу предизвици за кои треба да се избориме.

  Благица Петрески - Главен економист и Извршен директор на Finance Think

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот