20 Април, 2024
0.0242

Почна жетвата на оризот во кочанско

Објавено во: Агробизнис 22 Септември, 2012

Добивај вести на Viber

Традиционално со срп и ожнејување на првиот клас ориз, почна жетвата на оризот во кочанскиот регион. Оваа година комбајните во кочанско треба да оженат околу 5.000 хектари со ориз. Производителите се задоволни од квалитетот на годинешната реколта, и очекуваат приносите да бидат околу 7 тони од хектар. Откупната цена на оризовата арпа е 20 денари за килограм. Неодомна Владата донесе одлука за дополнителни субвенции за производителите на ориз. Така оние земјоделци кои имаат површина со ориз до 2,5 хектари за секој продаден килограм во откупен пункт ќе добијат дополнителни  3,5 денари, земјоделците со површини  до пет хектари за предаден еден килограм арпа по ќе земат два денари, до 7,5 хектари за предаден еден килограм по 1,5 денар и оризопроизводителите со површини до 10 хектари за предаден еден килограм арпа ќе добијат по еден денар. Предвидено е по два денари субвенција за извезен еден килограм бел ориз да добијат и откупувачите. Оваа година се очекува род  од околу 16.000 тони бел ориз од кои 9.000 тони ќе бидат наменети за извоз, а 7.000 тони за домашниот пазар.  Овие мерки на Владата ќе важат од  први октомври кога официјално започнува и откупот на оризот од годинашнава реколт

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари