23 Април, 2024
0.0271

Коментарите се слободни, фактите се свети

Објавено во: Економија, Колумни 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Одговор на професорката Татјана Стојаноска Иванова, на реакцијата на Ламбе Арнаудов, „Јас сум демократ, а Вие ги загрозувате слободите и човековите права“, објавена на порталот Фактор на ден 25. 10. 2016.

Мојата покојна мајка, која беше моја морална икона, покрај многуте животни филозофии кои ми ги вдахна, ме воспитуваше во духот на моралноста и добробитта и од низата уки и поуки кажани од нејзе две ми се и ден денес мои ѕвезди водилки. Се можеш да изгубиш само образот не смееш, и направи добро и не кај се бидејќи доброто не застарува. Постулатите на мојот морален дискурс се секогаш во духот на тие сентенци и на чистите и искрени намери, а никако со намера некого да навредам, да омаловажам, да повредам. Во моите писанија и дејанија секогаш доминира рациото, а емоциите од мене се изнедруваат во мигови на среќа, радост, но и тага и бол. Затоа не знам чуму толку горчина изблуена врз мојот лик и дело, но и врз членови на моето семејство,  но нека почитуван Арнаудов, јас секогаш постапувам во духот на Волтер, и колку да не се согласувам со вас секогаш ќе се борам да имате право да го кажете вашето мислење, доволно демократски нели?

  Јас секогаш, во моето животно битисување и научно оплотување, се водам од Диркемовиот концепт и за мене фактите се закон. А фактите се следни:

-мојата сестра не работи  во градинка, ниту некогаш конкурирала или била заинтересирана за директорка на предучилишна воспитно-образовна установа, иако поседува врвни компетенции за тоа (дипломиран педагог со просек поголем од 9 и магистрант на менаџмент во образование). Ако се колнеме во демократија, чесност и добри намери и пред се и над се морални скрупули, семејството ќе го оставиме на страна. Можете да го сквернавите мојот лик и дело, но да чепнете во најсветото-семејството, ниту е христијански, ниту е доблесно. Нека ви служи на чест.

-моето членство во политичка партија беше исклучително со позитивна намера, да придонесам за подобрување на одредени општествени сфери за кои сметам дека сум компетентна. Повторно искажувате небулози, јас воопшто не сум левичар, напротив, јас сум либерал демократ кој секогаш го поддржува граќанскиот концепт во политиката. Нејсе, тоа е и улогата на секој интелектуалец и добронамерник, на секој член на научната елита да помага за подобро општествено утре. Бидејќи политичките партии се креатори на јавниот дискурс се вклучив во политиката, ќе повторам со една единствена цел, за колективно добро, а никако за индивидуално. Кажете ми кој би се откажал од привилегии од партија која е на власт и кој има шанса да добие и му било нудено соодветно место, да се откаже од истото и да ги напушти сите бенефити кои можел да ги има. Јас заминав уште пред две години од политиката бидејќи создавањето на семејство е мој приоритет, но и не можам да одам против мојот животен вредносен кодекс, да поддржувам нешто кое се коси со моралноста и етичноста. Она што ме прави политички различна од вас е што не верувам безрезервно во политичките лидери и не верувам дека ако мојот лидер гледа операција на срце тој веднаш ќе стане хирург. Уште почудно ми е менување лесно на идеолошката матрица. Некој кој во комунизмот бил директно назначен од ЦК за директор на голема фирма, истиот потоа да стане најголем критичар и демохристијанин. Но не за џабе политиката ја споредуваат со една девијација. Сепак за општа добробит во политиката треба малку и да се резонира и Сократовски да се поимаат нештата.

-вработувањето е заокружување на еден дел од животот на секој поединец, право на секоја индивидуа, но тоа треба исклучиво да се одвива врз основа на компетенциите на индивидуата и нејзините квалитети во однос на професијата за која се образувал. Секогаш сум се залагала и ќе се залагам да партиската книшка не е приоритет за вработување, туку квалитетот и знаењето. Затоа и многу мои ближни и драги луѓе, членови на семејството и пријатели ја напуштија родната грутка, несакајќи да станат партиски послушници и заминаа во туѓина, да градат своја иднина и за среќа таму се и повеќе од успешни. Ова не го говорам само сега и се однесува за секоја политичка гарнитура. Се додека не сфатиме дека квалитетот е пред се и над се нема да можеме да градиме систем.

-човековите права и слободи виту сум ги загрозувала, ниту сум ги оспорувала, напротив, секогаш се залагам за почитување на правата и слободите во сите сфери. Еве дури и не ви забележувам што не сте родово сензитивни, јас верувајте не се навредувам ако некој не полемизира со мене само затоа што сум жена, родовиот концепт за мене е нешто што одамна сум го усвоила. Во тој контекст како човек со отворен ум и либерални погледи се залагам за сечие право и слобода, вклучувајќи ги и сите маргинализирани групи. Се надевам како вистински демократ и вие се залагате за тоа.

-социјалната патологија, социологијата на религија, социологијата на морал се мои научни полиња. Претпоставувам како и за претходно погрешното информирање или дезинформирање и тука нешто ви затаило. Јас сум Универзитетски професор и работам и едуцирам студенти, а не сум вработена во некоја институција каде се лекуваат пациенти. Ако студентите ги мешате со пациенти тука веќе имаме проблем. Но и без тоа секогаш и секаде на моите студенти ќе ги образувам и воспитувам во духот на моралноста, доблесноста, чесноста, искреноста и ќе се трудам максимално да помогнам во нивно етаблирање во нашето општествено миље. Процесот на ресоцијализација признавам дека кај нас е недоволно етаблиран, и тоа ресоцијализација на сите зависности па и на луѓето кои се огрешиле. Затоа и јасно и гласно говорам дека во многу институции на системот треба коректура и посебно посветување на внимание на тие категории на граѓани кои треба повторно на правилен и посакуван начин да се вратат во нормалните општествени текови.

-Во духот на хуманоста и алтруизмот спремна сум секогаш да помогнам со совет и дело на луѓе кои имаат потреба од моја помош. Во тој контекст и во духот на христијанската етика слободно може и вие, како и секој оној кој сака  да повели во мојата канцеларија да поразговараме за нештата кои ги мачат и да најдеме соодветна солуција за тоа.Мојата маленкост секогаш е спремна да помогне за општо добро. Подадената рака е секогаш мојата рака, таа дава поддршка на секој добронамерник и секој оној кој има отворено срце и чиста душа да прими добробит од еден обичен научен работник.

Ќе завршам со спортски термин, со речник со кој вие започнавте. Да се друшите со луѓе на кои моралните скрупули им се далечни и непознати, да прикривате вистини и да навредувате, не ве прави различен од нив. Тогаш ви следи, со боксерски речник нок даун, или со шаховски термин шах-мат.

Проф. Д-р Татјана Стојаноска Иванова

Институт за социологија

Филозофски факултет-Скопје


Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените