Добивај вести на Viber
Комисијата за хартии од вредност (КХВ), при проверка на реализацијата на неколку налози за тргување со акции дадени од клиенти, утврди дека брокерската куќа, „Иново Брокер“ АД Скопје, не ги внесувала во системот за тргување по хронолошки редослед по кој тие се заведени во книгата на налози. Поради тоа, информираат од Комисијата, изречена е јавна опомена за брокерската куќа и за нејзиниот директор, поради кршење на Законот за хартии од вредност и на Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје.
Со ваквото однесување, „Иново Брокер“ го прекршила член 122 од Законот за хартии од вредност, според кој, брокерската куќа ги извршува налозите на клиентите за купување/продавање на хартии од вредност во согласност со приоритетот во книгата на налози.
Исто така, „Иново Брокер“ не ги испочитувала ниту Правилата за тргување на Македонската берза АД Скопје каде е регулирано дека, налозите на клиентите за иста хартија од вредност и со исти услови за реализација, членката е должна да ги извршува според временскиот редослед по кој што се примени и хронолошки евидентирани.